logo
logo
logo

Ново бомбастично интервју на принцот Хари: Тој ги откри деталите за животот во палатата, а не го поштеди ни неговиот татко

Vecer | 14.05.2021

Ново бомбастично интервју на принцот Хари: Тој ги откри деталите за животот во палатата, а не го поштеди ни неговиот татко

Принцот Хари разговараше со актерот Дакс Шепард во неговото шоу "Armchair Expert" , се осврна на неговото детство, кралското семејство и почетоците на врската со Меган.

Два месеци после контроверзното интервју кај Опра Винфри, принцот Хари беше гостин на шоуто "Armchair Expert" чиј домаќин е холивудскиот актер Дакс Шепард. Во интервјуто тој откри повеќе непознати детали за неговиот живот и односот со кралското семејство.

За време на 90-минутното интервју, Хари, меѓу другото, призна дека од поодамна сакал да ја напушти „фирмата“, а својот живот со кралското семејство го опиша како мешавина од „Труман шоу“ и зоолошка градина.

„Тоа е работа, нели? Вие се насмевнувате и продолжувате. Кога бев во раните дваесетти години, размислував како не ја сакам таа работа, не сакам да бидам таму. Погледнете што ѝ направија на мајка ми, како некогаш ќе се скрасам и ќе имам семејство кога знам дека тоа ќе се случи повторно? “ - рече Хари.

Тој исто така призна дека чувствува дека никогаш не се вклопил во кралското семејство и дека често се чувствувал беспомошен.

„Бев зад сцената, го видов бизнис моделот и како функционираат работите и не сакав да бидам дел од тоа“, додаде тој, но исто така истакна дека е свесен дека е роден со златна лажица во устата но верува дека тој се сменил откако ги напуштил кралските должности.

Тој исто така рече дека неговиот татко, принцот Чарлс, страдал од воспитните методи на кралицата Елизабета и принцот Филип, па затоа се однесувал кон своите деца како што го третирале и него, Хари тоа го нарече нарекол генетска болка и истакна дека ќе стори сé да не го пренесе тоа на неговите деца.

„Не мислам дека треба да вперам прст кон никого, но кога станува збор за родителството, ако сум искусил малку болка и страдање поради болката што ја претрпеа татко ми или моите родители, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус и да не го пренесувам понатаму. “- рече Хари.

Се осврна и на својата разуздана младост и навести дека имал проблеми со алкохол и дрога, за што ги обвини траумите од детството.

"Јас ги поврзав сите точки и еве ме, се преселив со моето семејство во САД. Тоа не беше планот, но понекогаш треба да донесете тешки одлуки за благосостојбата на вашето семејство и ментално здравје", нагласи тој, опишувајќи каква била неговата прва средба со Меган во Лондон во 2016 година, додека тие сè уште ја криеја својата врска од јавноста.

"Кога Меган првпат дојде во Лондон, договоривме состанок во супермаркет. Се преправавме дека не се познаваме и си испраќавме пораки. Луѓето почнаа чудно да ме гледаат и да ми приоѓаат за да ме поздрават. Имав капа на главата и Гледав во подот, обидувајќи се да се сокријам. Неверојатно е колку гуми за џвакање има на подот на супермаркетот “, се присетува тој.

Тој исто така откри дека Меган му ги отворила очите дека може да изгради живот надвор од палатата и истакна дека животот таму не е како од бајка, како што многумина си замислуваат. Поради Меган, тој започна да оди на терапија, додека пред тоа, како што рече, се преправал дека сè е во ред.

"Кога започнав да одам на терапија, се чувствував како да пукнал балон. Ја извадив главата од песок и добро го тресев. Се потсетив на мојата привилегирана позиција и си реков дека е време да престанам да се жалам. Сфатив дека морам да ги променам работите и се прашував како можам да ги направам различни, да ја направам мајка ми горда и да ја искористам позицијата за некои вистински промени “, рече тој.

„Гледајќи назад во минатото, сфаќам дека помагањето на други луѓе е корисно. Кога ќе искусите страдање, не сакате другите да страдаат“, нагласи тој.

Тој исто така ги истакна придобивките од животот во САД.

"Бидејќи живеам во Лос Анџелес, можам да ја подигнам главата и да се чувствувам поинаку. Рамената ми се опуштени, како и нејзините, можеме да шетаме и да се чувствуваме малку послободно, можам да го возам Арчи на велосипед, што инаку немав можност да го направам. “, рече Хари, кој исто така го промовираше својот нов проект со Опра Винфри, шоу за ментално здравје „The Me You Can’t See“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk