logo
logo
logo

НОВИ ДЕТАЛИ: На Болдвин му рекле „СТУДЕН ПИШТОЛ“ Еве што значи тоа

Vecer | 23.10.2021

НОВИ ДЕТАЛИ: На Болдвин му рекле „СТУДЕН ПИШТОЛ“ Еве што значи тоа

Пиштолот од кој познатиот холивудски актер Алек Болдвин испука куршум при снимање филм и усмрти една жена, а го рани режисерот, му го дал помошникот на режисерот.

Би-би-си повикувајќи се на записник од судот објавува дека помошникот му рекол на Болдвин дека оружјето е безбедно. Неименуваниот помошник режисер не знаел дека реквизитот е наполнет со боева муниција и пред снимање на сцената потврдил дека пиштолот е празен велејќи „студен пиштол“, стои во записникот.

Директорката на фотографија Халина Хачинс беше смртно погодена во градите, а режисерот Џоел Соуза кој стоел над неа е ранет. За среќа, откако му била укажана лекарска помош во болница е пуштен на домашно лекување.

Во записникот се наведува дека крвавата облека на Болдвин е земена како доказен материјал заедно со пиштолот, а полицијата од филмската екипа ги зела целата муниција и сите оружја кои ги имале. Меѓу реквизитите имало оружја од кои воопштво не можело да се испука куршум (извадена била ударната игла), но се користило и вистинско оружје кое се полни во таканаречените ќорци.

Иако досега не е познато кое оружје е користено за снимање на филмот, во вчерашната изјава на надлежните било кажано дека помошник режисерот на филмот само зел еден од трите пиштоли кои оружарот ги ставил на масата, му го однел на Болдвин и рекол „студен пиштол“ што значи дека во него нема муниција и може да се користи за снимање на сцената, пренесува Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk