logo
logo
logo

НОВА “БУРА“ НА ПОВИДОК: Кралот Чарлс би можел да зборува за Хари и сите обвинувања во интервју за Би-Би-Си?

Vecer | 29.01.2023

НОВА “БУРА“ НА ПОВИДОК: Кралот Чарлс би можел да зборува за Хари и сите обвинувања во интервју за Би-Би-Си?

Британските медиуми пишуваат дека во Бакингемската палата започнала дискусија за можно интервју на кралот Чарлс Трети за Би-Би-Си, во кое конечно ќе го прекине молкот за својот син, принцот Хари. Соработниците на палатата, наводно, разговараат за можноста новиот британски крал да го искористи интервјуто за да ја даде својата страна од приказната по серијата обвинувања против него и остатокот од кралското семејство, упатени од неговиот син во неговите мемоари и документарен филм на Нетфликс.

„Дури и еден мал коментар за Хари и Меган би станал светска вест. Исто така, може да предизвика одговор на Хари, кој би бил непредвидлив, како и другите. Сè е многу деликатно“, велат извори од палатата, а пренесува  The Mirror.

Интервјуто би можело да се случи пред крунисувањето на Чарлс, а шефовите на Би-Би-Си сакаат кралот да ги открие своите желби и планови за владеењето. Наводно, новинарот на Би-Би-Си Џонатан Димблби треба да разговара со кралот.

Мемоарите на принцот Хари „Spare“ се преполни со сочни детали за кралското семејство, а тој реши да ги сподели сите валкани алишта со јавноста. Еден од нив е делот каде што пишува за кавгата на венчавката меѓу принцезата Кејт Мидлтон и Меган Маркл. Имено, во медиумите излезе приказна за тоа како Меган ја расплакала Кејт на свадбата поради нејзиниот фустан, а Хари решил да ја каже својата страна од приказната. Тој инсистира дека се било предизвикано од тоа што Кејт не била подготвена да и помогне на Маркл, која во тоа време се борела со ситуацијата со нејзиниот татко Томас.

Покрај тоа, тој исто така тврди дека неговиот брат Вилијам физички го нападнал поради бракот со Меган Маркл. Принцот Хари изјави дека конфликтот се случил во неговиот дом во Лондон во 2019 година. Тој имаше видлива повреда на грбот откако принцот од Велс го фати за јаката и го собори на подот. Хари понатаму тврди дека Вилијам ја нарекол американската актерка „тешка“, „безобразна“ и „токсична“, а на тоа Хари му одговорил на Вилијам повторувајќи ги приказните и насловите за Меган објавени од британските медиуми и со тоа сакал да му даде до знаење на Вилијам дека тој се сомнева дека токму тој промовира ваква слика на Меган во медиумите. Во тој момент, според описот во книгата, Вилијам полудел и изгубил контрола и физички го нападнал својот брат.

Меѓу другото, принцот пишува и за моментот на неговото раѓање и дека тогаш наводно кралот Чарлс III и рекол на принцезата Дијана: "Прекрасно! Сега ми дадовте наследник и "резерва" - мојата работа е завршена".

Тврдењата на Хари доаѓаат откако тој го обвини кралското семејство за „протекување и подметнување“ информации во медиумите, а претходно исто така изјави дека би сакал да ги обнови  односите со неговиот татко и брат Вилијам.

Интервјуто на кралот на оваа тема би предизвикало нова „бура“ во палатата, која нормално не трпи да се изнесуваат приватни теми во јавноста.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk