Нов тренд: Електронски тетоважи

Истражувачите развија целосно нов концепт за мобилната технологија, врз чија основа електронските „тетоважи‟ ја претвараат кожата во LED екран.

Флексибилниот екран го создадоа научниците од Универзитетот во Токио, а е запишан како „електронска или е-кожа‟.

„Појавата на мобилната телефонија го промени начинот на кој комуницираме. Иако овие комуникациски уреди стануваат се помали и помали, тие и понатаму се дискретни уреди кои мораме да ги носиме со нас‟ – рече Такао Суми од Факултетот за инжинеринг во Токио.

„Како би изгледал светот кога на екранот на нашата рака можат да се прикажат емоциите, нивото на стресот или нервозата?‟ – прашува Суми.

Истражувањето е објавено во списанието Science Advances и опишува како технологијата може да се користи за приказ на нивото на кислородот во крвта на лицето кое ја има оваа тетоважа или отчукувањата на срцето, што значи дека потенцијалните апликации ќе бидат добри и за корисниците и за медицинарите. За да се постигне флексибилност потребна за таквиот уред, Суми и неговиот тим користат наизменични слоеви на неоргански и органски материјали.

Поврзани

Најнови вести

Коментари