logo
logo
logo

Нов бизарен тренд на ТикТок: Напаѓаат луѓе на улица за да ги снимаат реакциите (ВИДЕО)

Vecer | 03.06.2023

Нов бизарен тренд на ТикТок: Напаѓаат луѓе на улица за да ги снимаат реакциите (ВИДЕО)

Зад ваквите напади стојат „шегобијци“ кои намерно им предизвикуваат непријатности на пешаците, а потоа објавуваат видеа од нивните реакции на Интернет, најчесто без нивна согласност.

Минатата недела, 18-годишниот ТикТокер со прекар Мизи, вистинско име Бакари-Бронз О'Гаро, беше уапсен поради споделување видеа на кои краде кучиња на пензионери и провалува во туѓи домови.

Тој на крајот бил ослободен со кауција и го чека судењето во јули. „Сѐ што правам очигледно е лошо, тоа сакаш да ми го кажеш. Но, јас сум на вестите на Би-Би-Си, мислам, ајде ве молам“, коментира младиот човек.

Џош Мекдоналд (33) предизвика гнев во јавноста кога во 2021 година упадна во супермаркет облечен како Спајдермен со други мажи кои практикуваат боречки вештини и удира со тупаници и клоци работник во супермаркет додека тој не се онесвести.

На суд завршија и Џорџ О'Бојл (30), Софи Робертс (19) и Рики Мекензи (37).

О'Бојл влегол во продавницата облечен како Али Џи и физички ја нападнал, додека Робертс, облечен во Црвенкапа, исто така го признал нападот предизвикувајќи физичка повреда. Мекензи, од друга страна, се маскирал како лажен инвалидитет и е обвинет за нарушување на мирот и закана со насилство.

Но, тоа не е сѐ. Во Сиднеј, Австралија, тројца Јутјубери се обиделе да ограбат банкомат, а еден завршил со скршен нос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk