logo
logo
logo

При Црвениот Крст на Град Скопје

НЛБ Банка донираше додатоци на исхраната во Дневниот центар за стари лица

Vecer | 19.05.2022

НЛБ Банка донираше додатоци на исхраната во Дневниот центар за стари лица

Во рамки на кампањата „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, НЛБ Банка обезбеди витамини, минерали, препарати против остеопороза и други неопходни додатоци на исхраната наменети за унапредување на здравјето на лицата во третото животно доба.

Донираните додатоци на исхраната се предадени на „Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвениот Крст на Град Скопје, кој обезбедува грижа и здравствена заштита за повеќе од 1000 лица на месечна основа кои ги користат услугите во дневните центри за стари лица, како и за повеќе од 200 стари и изнемоштени лица во домашни услови.

 

 

„Оваа донација е составен дел од долгорочната стратегија за општествена одговорност на Банката, преку која сакаме да обезбедиме поддршка за сите оние општествени групи на кои таа им е најнеопходна. Токму тоа беше и целта на кампањата „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, во чии рамки веќе дониравме сензорна соба во основно училиште во Македонски Брод за децата и младите сообразовни попречености, а сега ја реализираме и оваа помош за старите и изнемоштени лица. На ваков начин, ние во НЛБ Банка ја остваруваме нашата заложба за создавање инклузивен свет и амбиент на еднакви можности за сите“, истакнуваат од НЛБ Банка.

Дневниот центар за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови е проект на Црвениот Крст на Град Скопје кој се реализира уште од 2011 година. Целна група на проектот се стари и изнемоштени лица кои живеат сами или со својот брачен другар, а кои имаат потреба од медицинска и психо-социјална поддршка во домашни услови, како и активни лица во третото животно доба кои имаат потреба од социјализација и програма за активно стареење во концепт на дневен центар за стари лица.

„Пандемија на Ковид-19 покажа дека токму старите лица се најранлива целна група на која им е неопходно постојана и засилена поддршка која ќе придонесе за подобрување на нивната здравствена состојба. Оваа донација од НЛБ Банка во форма на неопходни медицински додатоци доаѓа во вистинско време и претставува силна поткрепа на здравјето на овие членови на нашата заедница, за што ние и сите корисници на социјалните услуги на Дневниот центар за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови сме многу благодарни“, велат од Црвениот крст на Град Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk