logo
logo
logo

Никогаш не е касно: На 84 години го батали тракторот и СТАНА ЈУТЈУБЕР (ВИДЕО)

Vecer | 21.06.2021

Никогаш не е касно: На 84 години го батали тракторот и СТАНА ЈУТЈУБЕР (ВИДЕО)

Британецот Џон Батлер кој е поранешен земјоделец, на 84-годишна возраст реши да стане јутјубер. Батлер веќе собра 120.000 следбеници. Многумина му се благодарни за неговите совети во борбата против анксиозноста за време на пандемијата.

Неговите видеа, во кои тој зборува за животот и медитацијата, имаат милиони прегледи. По интервјуто од 2016 година, тој стана популарен меѓу оние кои практикуваат автономен сензорен рефлекс на меридијан (ASMR).

ASMR често се опишува како одговор на телото во форма на одредени сензации и чувства. Овие сензации најчесто се презентираат како благо скокоткање, пецкање, свежина или бранови на енергија кои најчесто се појавуваат на скалпот и се шират низ телото.

И додека бил земјоделец, Батлер вежбал медитација. Тој им помагал на другите со своите совети за тоа како да се релаксираат пред сè психички.

Како што рече, тој воопшто не знаел што е Јутјуб, па затоа многу малку знаел за Интернетот воопшто. Неговиот канал  е наречен „Духовно расплетување со Џон Батлер“.

https://youtu.be/fZXhPmHPoNo

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk