Никита Михалков итно опериран

Рускиот режисер Никита Михалков беше хоспитализиран и опериран, објави режисерот и сценарист Александар Адабашјан, пренесува порталот „360″.

„Нема ништо трагично, но се случи непријатна спортска повреда”, рече Адабашјан, без дополнителни информации.

Никита беше хоспитализиран последен пат во март 2018 година.

Никита Михалков е роден на 21 октомври 1945 година во Москва. Тој заврши режија во 1971 година на Герасимовиот институтот за кинематографија, а негов дипломски труд е филмот „Тивок ден на крајот од војната”.

Никита ја доби својата прва улога на возраст од 14 години, а во 1995 година тој доби Оскар за „Изгорени од сонцето”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари