logo
logo
logo

Ниедна болка не може да се спореди со загубата на дете: НАЈГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА на Силвестер Сталоне

Vecer | 04.07.2022

Ниедна болка не може да се спореди со загубата на дете: НАЈГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА на Силвестер Сталоне

Силвестер Сталоне, по загубата на својот најстар син Сејџ, замолкна. Сејџ беше првото дете на Силвестер и сопругата Саша Чак. Тој почина на 36-годишна возраст на 13 јули 2012 година во својот стан во Лос Анџелес од срцев удар предизвикан од атеросклероза.

Смртта на неговиот син го собори храбриот Роки. Тој бараше осаменост и приватност.

Силвестер Сталоне тогаш рече: „Ниту една болка не е посилна од кога родител ќе изгуби дете. Затоа ги молам луѓето да покажат почит кон споменот на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашиот живот. Сејџ беше нашето првородено дете и центар на нашиот универзум, понизно ве молам да не ја рушите душата и сеќавањето на мојот син."

По разводот на Силвестер и Саша Чак, дошло до тежок период меѓу таткото и синот. По неколку години, тие ги закопаа секирите, па дури почнаа да снимаат филмови и да даваат интервјуа.

Сталоне работеше со Сејџ на „Роки 5“, а неговиот син планираше да се бави со продукција. И покрај неговите здравствени проблеми, никој не можеше да замисли дека такво нешто ќе му се случи на овој млад човек.

Смртта на неговиот син тешко го погоди Сталоне. Тој се повлече да се бори со својата болка во тишина.

Во август 2012 година, актерот изјави:

„Многу е тешко. Ова е ужасна ситуација, но тоа е реалниот живот - времето ви помага да се справите и да се обидете да го преживеете она што се случи. Многу е важно да најдете сила да се кренете и да се обидете да живеете. Во спротивно, може да ве вовлече во маѓепсан круг."

На доделувањето на наградите „Златен глобус“, новинарите го прашале Силвестер како загубата на неговиот син влијаела на неговата работа, а актерот одговорил: „Мислам дека во тие ситуации многу помага ако направите нешто. Во случајот со мојот син, сакав да му оддадам почит и ми се чини дека го направив тоа“.

По смртта на синот, Силвестер Сталоне среќата ја најде покрај Џенифер Флавин, со која има три ќерки.

Заедно со оваа прекрасна 52-годишна жена и поранешен модел, популарниот актер се обидува да остане со младешки  изглед за доброто на своите три млади и убави ќерки.

Поради ова се шпекулира дека се опседнал со ботокс и разубавување со пластични операции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk