logo
logo
logo

Неверојатно ВИДЕО! Момче од Нигерија танцува БАЛЕТ ВО КАЛ, веднаш го повикаа од престижната њујоршката балетска школа

Vecer | 02.12.2021

Неверојатно ВИДЕО! Момче од Нигерија танцува БАЛЕТ ВО КАЛ, веднаш го повикаа од престижната њујоршката балетска школа

Видеото кое минатото лето беше објавено на Инстаграм и оттогаш има повеќе од 300.000 прегледи.

Ентони Ммесома Маду, 12-годишник од Нигерија, добил можност за живот благодарение на неговата голема љубов кон танцот. Талентираното момче во видеото во кое ги покажа сите свои балетски вештини танцувајќи бос на дожд, допре до срцата на многумина ширум светот, кои беа воодушевени од неговиот талент и упорност.

Така, тој беше забележан од Синтија Харви, уметнички директор на ABT Jacqueline Kennedy Onassis Dance School во Њујорк, која беше импресионирана од вештините на младиот танчер. „Еден пријател кој живее во ОК ми испрати видео и веќе се обидував да дојдам до него следниот ден“, изјави Синтија за Cincinnati Enquirer. Ентони и неговиот ментор Даниел Ајала добија можност да учествуваат во програми и работилници на школата за танц.

Ентони присуствуваше на виртуелна летна работилница за млади танчери со целосна стипендија, додека неговиот ментор беше вклучен во Националната програма за обука, двонеделен курс кој им помага на наставниците да ги усовршат своите вештини. Харви додаде за Ентони: „Во тоа видео, видов момче кое беше совршен пример за упорноста што ја има кога го водат љубовта, соништата и решителноста, што беше веднаш очигледно.

Ентони воодушевено рече за остварувањето на својот сон: „Кога ќе ме видат моите пријатели, размислуваат што правам и каков странски балет танцувам. Добив одлична можност да патувам во САД - тоа го чекав и балетот го направи тоа за мене“.

Неговиот дом секојдневно се претвора во студио за танц, а кога немаат доволно простор, танцуваат надвор. Така настана видеото на Ентони. „Некои велат дека балетот во Африка едноставно не може да се танцува како во другите делови на светот, бидејќи тоа не е африкански танц, но за мене тоа е прашање на создавање посебна, наша уметничка форма“, изјави Ајала неодамна за Vogue. И Ајала и Харви се согласуваат дека упорноста и желбата на учениците е голем дел од успехот на оваа танцова школа и дека најважно е да се инспирираме бидејќи можеме многу да научиме еден од друг. „Да им се даде шанса на Даниел и Ентони да го доживеат ова искуство е доказ за тоа“, рече Харви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk