logo
logo
logo

Неверојатно! КИТ во Сена

Vecer | 01.07.2022

Неверојатно! КИТ во Сена

Кит долг 10 метри забележан во француската река Сена во близина на Ла Манш се верува дека е вид Минке, соопштија во четвртокот локалните власти.

„Ова е без преседан“, изјави за Ројтерс шефот на Институтот за истражување на цицачи на GECC, Делфин Елои, откако нејзиниот тим ги потврди сликите кои сугерираат дека животното се движи во областа на слатката вода околу мостот Нормандија во близина на Авр.

Елои додаде дека овие китови не се необична глетка на Ла Манш, но ова е прв пат овој вид да биде виден во реката Сена.

Китот првпат бил забележан од морнарите во четвртокот, потврди префектот на Сена-Поморска во објава на Твитер, додавајќи дека веднаш бил организиран итен состанок на истражувачи и владини претставници за да се разговара за снимката.

Истражувачкиот тим верува дека најверојатно станува збор за возрасен кит минке долг 10 метри од подвидот rorqual, потврдија од префектурата и додадоа дека животното изгледа е во добра физичка состојба.

Еден месец претходно, 4 метри долг мажјак кит убиец беше виден неколку десетици милји погоре, што беше прв регистриран случај од ваков вид.

Животното починало откако се обиделе да го вратат на каналот Ла Манш.

„Мораме да се погрижиме тоа да не се повтори“, рече Елои, додавајќи дека институциите и владата го надгледуваат цицачот, кој се уште е релативно блиску до морето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk