logo
logo
logo

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА за малото дете кое ГО ЗАПРЕЛО МОРЕТО

Vecer | 26.05.2021

НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА за малото дете кое ГО ЗАПРЕЛО МОРЕТО

Светот изобилува со легенди, а секако омилени се оние од типот на Давид против Голијат, кога послабиот го победува посилниот или кога послабиот има сила „да помести планини’

Таква легенда ни доаѓа од Холандија, во која се зборува за младо момче кое успеало да го запре морето, а за кое денеска има и посветено споменик.

Познато е дека Холандија е најниска земја на која постојано и се закануваат поплави, а за таа цел низ земјата се изградени насипи. Затоа  од време – на време, жителите се сеќаваат на легендата за малото холандско момче кое го запрело Северното Море, што ја потврдува тезата дека и најслабите можат да одолеат на притисокот на големите сили.

Според таа легенда,  момчето Ханс Бринкер од  холандскиот град Харлем, поминало покрај насип и забележало отвор низ кој тече вода. За да спречи поплава, ова мало момче ја ставило раката во отворот и со тоа го запрело Северното море додека не пристигнала помошта.

Дали е ова можно? Како некое слабо момче може да го контролира притисокот на дивото Северно Море?

Иако нема докази дека оваа приказна некогаш навистина се случила, локалното население верува во подвигот на момчето за кој смета дека е единствен и значаен.

Она што тој го сторил воопшто не зависи од силата на момчето. Науката вели дека хидростатичкиот притисок не зависи од големината и јачината на морето, туку само од длабочината на водата. Ако отворот бил околу дваесет сантиметри под површината на морето, не е важно дали имало неколку литри вода од другата страна или од целиот океан - притисокот е потполно ист. Затоа момчето не чувствувало поголем притисок од оној што би го доживеал доколку играл во плиткото.

Патем, според некои најверојатно оваа приказна воопшто не е холандска легенда. Замислен е од американската писателка за деца Елизабет Мејпс Доџ (1831–1905) и во едно поглавје од книгата за искуствата на момчето Ханс Бринкер, таа ја опишала легендата. Веројатно поради насловот на книгата на Доџ, малото холандско момче обично се вика Ханс Бринкер, но понекогаш го нарекуваат и Питер од Харлем.

* Време на заблуди е серија приказни засновани на истоимената колумна, од истиот автор, што редовно се објавувала во неделникот Тајм 800-900.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk