logo
logo
logo

Неверојатен фосил е откриен во Кина, би можел да биде решение за мистеријата на Дарвин

Vecer | 17.01.2022

Неверојатен фосил е откриен во Кина, би можел да биде решение за мистеријата на Дарвин

Експертите се надеваат дека нивното откритие може да ја ублажи дилемата за 100-годишната мистерија која Чарлс Дарвин некогаш ја нарече „одвратна“.

Имено, ако најстариот цветен фосил не е постар од 130 милиони години, тогаш како тоа само 20 до 30 милиони години подоцна, ангиоспермите почнале да доминираат во екосистемите? Дарвин го мачело прашањето - како ангиоспермите еволуирале толку брзо?

Оваа загатка многу го мачела Дарвин и тој никогаш не најде задоволителен одговор. Но, во последниве години, некои парчиња од сложувалката си дојдоа на своето место.

Имено, експерти од Кина во 2016 година пронашле „совршен цвет“ кој датира од периодот Јура, пред повеќе од 145 милиони години. Фосилизираното растение имало ливчиња, но и сепали (лиснати делови во основата на пупката), како и машки и женски репродуктивни делови.

Во 2018 година, во Кина е пронајден уште еден фосилизиран цвет, стар околу 174 милиони години. Како модерните цветни растенија, неговото семе било целосно затворено во јајниците, пишува Science Alert.

Сепак, не сите ботаничари биле убедени дека тоа се вистински ангиосперми. Некои сметаа дека овие фосили се премногу примитивни за да се сметаат за цвеќиња, додека други сметаа дека нивните структури се премногу сложени за гимносперми; постар вид на растение без цвет и со откриени семиња, како што се четинарите.

Но, овој најнов фосил на пупки, наречен Florigerminis jurassica, може да припаѓа токму на преодната фаза што научниците ја бараат. Пронајден е во наоѓалишта кои датираат од пред повеќе од 164 милиони години и се уште е во одлична состојба.

Бидејќи цвеќињата имаат кревка структура, тешко е да се најдат меѓу фосилите пред периодот на креда. Затоа, претходните обиди да се открие потеклото на ангиоспермите често се опишуваат како „континуирана евиденција на неуспех“. F. jurassica е уникатно откритие затоа што неговиот плод дава уште поголема основа за тезата дека тоа е всушност ангиосперм, а не гимносперм.

Студијата наречена A Jurassic flower bud from China  е објавена во списанието Geological Society, Лондон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk