logo
logo
logo

Нетфликс го објави ТРЕЈЛЕРОТ за филмот за Меган Маркл и принцот Хари - Морав да направам сè за да го заштитам семејството

Vecer | 02.12.2022

Нетфликс го објави ТРЕЈЛЕРОТ за филмот за Меган Маркл и принцот Хари - Морав да направам сè за да го заштитам семејството

Најавата за долгоочекуваниот документарен филм за Меган Маркл и принцот Хари ја објави денеска Нетфликс.

Најавата беше објавена на каналите на сервисот за стриминг, а заедно со кратки разговори со Хари и Меган беа објавени и досега невидени фотографии од парот.

24sata

Меган во најавата рече дека таа и Хари сакале да ја раскажат својата приказна.

– Никој не знае што се случува зад затворени врати – додаде парот.

- Морав да направам се за да го заштитам семејството - изјави принцот Хари.

Во објавата може да се видат нивните селфиња, слики од свадбата на која немаше новинари, како и слики од војвотката во поодмината бременост со малата Лилибет која се роди минатата година.

24sata

Најавата за документарниот филм нашироко се споделува на социјалните мрежи, а на Јутјуб веќе има над 250.000 прегледи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk