Доколку црна мачка ви го пресече патот, се верува дека тоа ќе ви донесе несреќа, но не било секогаш верување дека црните мачки носат несреќа.

Во древен Египет, сите мачки, вклучувајќи ги и црните, биле обожувани. Додека во келтската митологија, постои легенда за суштество наречено мачка Сит. Ова суштество изгледа како црна мачка, со бело место на градите.

Легендата вели дека Сет им ја крадел душата на луѓето пред да отиде кај боговите.  А ја крадел така што прескокал преку телото на починатиот пред тоа да биде погребана. И денеска дури и кај нас се внимава  мачка да не го прескокне покојникот.

За време на средниот век во Европа, црните мачки биле поврзувани со вештерки, а во текот на 1560-тите во Англија, вечерно време црна мачка преминала преку патот на татко и син. Тие фрлале со камења кон неа сè додека мачката не избегала во градината на жена за која се верувало дека е вештерка.

Следниот ден, таткото и синот ја виделе жената, која била полна со модринки и и кривела на едната нога. Се претпоставувало дека жената навечер се претварала во црна мачка.

Ова верување се проширило низ американските имигранти, па дури и денес, останува мислењето дека црните мачки носат несреќа, особено ако ви го пресечат патот.