logo
logo
logo

Нешто конкретно и оваа есен на телевизиските екрани!

Vecer | 30.09.2022

Нешто конкретно и оваа есен на телевизиските екрани!

Со есента пристигна и тоа, Нешто конкретно со нешто изменето во нов амбиент, но секако со истиот домаќин Снеже Велков и нејзините провокативните прашања од кои ќе бараме само конкретен одговор.

Концептот останува ист, а богами и каналот - Телма, свежо подготвените сценарија се во рацете на Снеже, а мразот оваа сезона ќе го скршат Силви Бенд, актерот Гораст Цветковски, пејачката Андријана Петрушовска и Ирена Јакимова - коуч и ментор.

Искри летаат меѓу гостите поради различните мислења уште во првата емисија. Бидејќи во ова време-невреме главна тема на сите им се парите решивме да го обработиме и ова. Војна од спротивставени мислења на темата кој треба повеќе да придонесува во домот, мажот или жената, а главни борци Гораст и Силви!

Зошто Влатко ги договара настапите, а Силви ги збира парите?

Гораст против феминистичките предрасуди -

„Сакам жена ми да има наследство и јас слатко да и го трошам“

Ќе имаме ли проширување на Силви бендот???

Што значи зборот „припиздек“?

Дали тој што заработува повеќе е „газда“ дома?

Колкумина од гостите ќе се согласат заедничкиот имот да биде препишан на сопругата?

На лице место - дамите во студиото се обидуваат да работат со бормашина,

што ќе се случи дали новото студио ќе остане живо и здраво останува да погледнеме!

Овие и многу други теми во новата епизода од новата сезона на „Нешто конкретно“ во недела ...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk