Eнергетските пијалоци се опасни за здравјето

Енергетските пијалоци имаат низа негативни ефекти и опасности по здравјето, а магазинот „Frontiers in Public Health“ објави резултати од истражувањето за поврзаноста на здравствените ризици со зголемената потрошувачка на енергетски пијалоци.

Научниците тврдат дека конзумацијата на енергетски пијалоци станува здравствен проблем на иднината.

1. Ментално здравје
Истражувањето открило дека тинејџерите кои пијат енергетски пијалоци имаат зголемен ризик од депресија, додека возрасните имаат повеќе проблеми со стресот и незадоволни се од квалитетот на сон.

2. Оштетување на бубрезите
Зголеменото количество на кофеин се поврзува со болестите на бубрезите, бидејќи може да предизвика зголемен крвен притисок. Кофеинот и тауринот ги влошуваат состојбите на хроничните болести на бубрезите. Се уште не е потврдено дали мали количини на таурин може да ги оштетат здравите бубрези.

3. Дијабетес тип 2
Енергетските пијалоци го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2, бидејќи поголемото конзумирање на кофеин ја намалува осетливоста на инсулин. Поголемиот број енергетски пијалоци содржат осум пати повеќе кофеин од кафето, а загрижува и количината на шеќер во нив. Просечниот енергетски пијалок содржи околу 54 грама шеќер, што е повеќ од препорачаниот дневен внес од 30 грама.

4. Кардиоваскуларни проблеми
Прекумерната конзумација на енергетски пијалоци може да предизвика сериозни срцеви проблеми. Големите количини на кофеин може да предизвикаат висок крвен притисок, зголемен број на отчукувања на срцето и срцева палаптација.

5. Ерозија на забите
Киселоста и големата количина на шеќер во овие пијалоци може да предизвика големи проблеми и во устата: со забите, забната шуплина и ерозија на забите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари