Мачките, понекогаш, навистина имаат чудни навики. Една од нив ги насмеа корисниците на социјалните мрежи ширум светот.

Жена по име Рут Хулет објави фотографија на својот Фејсбук профил, објаснувајќи детално што се случило.

Имено, пред извесно време, таа забележала дека мачка, непозната за неа, влегува во нејзиниот дом од прилично чудна причина – да гледа клипови на ЈуТјуб за мачки.

„Не останува долго, само 15 минути и гледа само видеа за мачки. И така секој ден, а а очигледно има сопственик, бидејќи  доаѓа тука само за видеото“.

Сè започнало кога оваа мачка влегла во нејзиниот дом еден ден, турала ламба и започнала да талка, па Рут сакала да ја смири пуштајќи и видео со животните што веднаш и се допаднало.

I don’t know who this is, but he started showing up every afternoon to watch videos for cats on my laptop. He stays for…

Posted by Ruth Hulett, Yoga Therapist & Instructor on Thursday, April 1, 2021