logo
logo
logo

НЕ МИСЛЕВ ДЕКА НОВАК ЌЕ СЕ ОЖЕНИ СО ЈЕЛЕНА! Дијана Ѓоковиќ без влакна на јазикот за односот со снаата

Vecer | 24.10.2021

НЕ МИСЛЕВ ДЕКА НОВАК ЌЕ СЕ ОЖЕНИ СО ЈЕЛЕНА! Дијана Ѓоковиќ без влакна на јазикот за односот со снаата

Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер во свет Новак Џоковиќ, отворено зборувала за односот со снаата Јелена.

Новак и Јелена се запознале 2005 година на еден тениски турнир во Белград. Повремено се сретнувале и секогаш убаво се дружеле, а три години подоцна влегле во љубовна врска. Љубов се родила, а потоа почнале турнири, одрекување, многу разбирање. Ноле патувал по турнирите, биле раздвоени и по неколку месеци, но љубовта опстанала.

Мама Дијана не можела ни да замисли дека нејзиниот син ќе се ожени со девојка кој ја запознал како 18- годишен.

“Како момче кое се занимава со тенис немаше време да се забавува. Беше повеќе на пат отколку дома. Запознав една девојка, која беше одбојкарка од Краљево. Беа многу малади. Подоцна ја запознавме Јелена, кога имаа 18 години, не мислев дека ќе се венчаат. Но ете, го демантираше моето мислење и се ожени со Јелена“, раскажала Дијана Ѓоковиќ.

Мајката на првиот рекет во светот признава дека не подржува некои работи, но се труди да не се меша во животот на синот.

“Нормално и природно е Јелена да преземе некои работи. Не е добро јас да се мешам. За жал, тие ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и оаза, а Јелена некои работи ги прави на свој начин. Доаѓа до несогласување, особено по прашање на исхрана, која не ја подржувам“, признала Дијана во една емисија.

Новак и Јелена својата голема љубов ја крунисале со брак 10 јули 2014 година. Сега се горди родители на синот Стефан и ќерката Тара.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk