logo
logo
logo

КОЈ БИ РЕКОЛ: Ова е најплатената, а најмалку стресна професија

Vecer | 15.09.2021

КОЈ БИ РЕКОЛ: Ова е најплатената, а најмалку стресна професија

Стоматологијата е на самиот врв на листата на најдобро платени работни места со ниско ниво на стрес, се вели во студијата на американската медиумска куќа U.S. News & World Report.

Иако оваа професија не се најде на прво место на најплатените професии, во категоријата годишен приход и нивоа на стрес, победи.

Имено, според нивното истражување, вработените во оваа професија во САД, добиваат просечна годишна плата од 225.760 долари.

Според Market Watch, причината за ова лежи во добрата организација на дневниот распоред.

Имено, како и во повеќето медицински области, точниот дневен распоред е познат неколку дена однапред, што во голема мера го намалува создавањето на стрес. Покрај тоа, фактот дека стоматолозите во просек имаат многу мал број итни интервенции, има позитивен ефект врз намалувањето на стресот.

Инаку, во американска анализа News & World Report вклучува 187 високо платени работни места, а покрај стоматологијата, листата со најмалку стресни занимања, можности за напредок и добра рамнотежа на приватниот и деловниот живот, исто така, вклучува програмери, статистичари, логопеди, ветеринари и некои други медицински работници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk