logo
logo
logo

Некои работи за бебињата кои можеби не сте ги знаеле

Vecer | 18.04.2021

Некои работи за бебињата кои можеби не сте ги знаеле

Новороденчињата се најмали човечки суштества, а малите и слатки бебиња кои штотуку се родиле, носат голема возбуда, може секогаш да ве збунат со чудни работи. Дури и ако сте родител, можеби некои од овие работи не сте знаеле.

Бебињата имаат измет во различни бои, меѓутоа дали сте знаеле дека нивното прво „олеснување“ нема мирис. Кога ќе се роди, нивните колена не се исти како кај децата и возрасните. Дури после шест месеци се формираат како кај другите.

Бебињата се раѓаат со околу 300 коски, а по израснувањето човекот го има 206. Тој процес трае до 26 години, кога коските повеќе не можат да растат. Бебињата плачат, но немаат солзи. По раѓањето солзните жлезди работат, но произведуваат мали солзи. Почнуваат солзите дури по првиот месец, а кај некои и до третиот.

Бебињата може да го препознаат мајчиниот глас, а исто така се сеќаваат што вкусиле додека биле во мајчината утроба. Исто така се сеќаваат и на звуковите.

Можеби не сте знаеле, но бебињата може да спијат и со отворени очи. И тоа не треба да ве плаши. Тоа е резултатот на медицински феномен наречен лагофталмус. Причината зошто спие така не е позната.

Бебињата многу повеќе киваат од обичниот човек, а исто така и косата брзо им се менува. Тие се раѓаат со големи очи, а комуницираат физички со мавтање, климање, со покажување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk