logo
logo
logo

„Некогаш некои работи едноставно не успеваат...“изјави Чендлер и ги растажи обожувателите

Vecer | 02.06.2021

„Некогаш некои работи едноставно не успеваат...“изјави Чендлер и ги растажи обожувателите

Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, даде изјава за американски „Пипл“, во која потврдува дека раскинал со својата свршеница Моли Хурвиц.

"Понекогаш работите едноставно не успеваат,  оваа е една од нив. Ѝпосакувам се најдобро на Моли", изјави Метју за списанието "Пипл".

Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг во ситкомот „Пријатели“, беше во врска со Хурвиц од 2018 година која му беше голема поддршка во борбата против зависноста од алкохол и дрога. Актерот се пофали во ноември минатата година дека тој и Моли се вериле по претходните гласини за нивниот раскин.

Имено, Пери порано бил зависен од лекот Викодин, кој започнал да го зема поради несреќа на воден скутер. Успешно му ја намали болката, но со текот на времето тој не можел да помине ниту еден ден без таблетите. Тој исто така страдал од проблеми со алкохол, од кои во неколку наврати се лекуваше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Сепак, за време на неодамнешното интервју, кое го даде заедно со колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Мет Лебланк и Дејвид Швимер за луѓето по повод новата епизода од култната серија, тој повторно ја загрижи јавноста со неговиот изглед.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk