logo
logo
logo

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Некои сепак ќе го живеат својот сон

Vecer | 26.09.2021

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Некои сепак ќе го живеат својот сон

Вага

Љубов

Вашите лични односи оваа недела ќе се развиваат полесно и појасно. Ќе бидете повеќе опуштени и среќни поради тоа. Се што ве измачуваше , некако ќе се намали , па ќе ви се причинува дека ништо негативно не се случувало. Многу двојки ќе си го подобрат својот однос.

Кариера

Со мали чекори може да се помине исто растојание како и со големи. Тоа што во моментов нема возбуда, не значи дека работата не се одвива добро. Малата монотонија може дас е надмине со оригинални решенија и хумор.

Здравје и совет

Мал пад на имунитетот, опуштете се .

Скорпија

Љубов

Не е лошо да се зборува , но немојте премногу , зашто на целата ситуација ќе и одземете од спонтаноста. Пуштете дас е развива вашата љубовна приказна , природно и без анализи. За нив ќе има време подоцна. Едноставно уживајте.

Кариера

Оваа недела за некои од вас би можела да донесе нешто ново во работата и кариерата. Нема да биде ниту лесно , ниту мазно. Цела недела ќе очекувате состојбата да се разјасни , а кон крајот на неделата ќе изгледа уште посложена. Сепак , брзо ќе увидите каде е причината.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец

Љубов

Оние кои имаат семејства , деновиве ќе минуваат доста време со него. Оние во нови врски ќе минуваат низ мали кризи во кои ќе треба да покажат повеќе разбирање и толеранција кон другата страна. Со малку такт ќе ги надминете искушенијата.

Кариера

Целокупната состојба на работното место би можела да ви ги направи напорни овие денови. Цело време ќе имате чувство дека ја губите поткрепата или дека многу работи зависат од шефовите , а ништо од вас . Тоа е само привремено. Бидете отворени и соработувајте.

Здравје и совет

Сетете се на своите достигнувања.

Јарец

Љубов

Ако излезете меѓу луѓе , ќе наидете на бројни можности за површни познанства без особени емоции. Добро е за забава. Затоа намалете ги љубовните очекувања. Не е лошо , но паметите и подобри времиња. Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Се наоѓате во период во кој некои работи треба дефинитивно да ги доведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои приказни и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа би можело да биде малку порадикално. Не се брзајте , туку првин направете проценка.

Здравје и совет

Внимавајте на исхраната.

Водолија

Љубов

Деновите пред вас ќе ги запаметите по засилениот копнеж и чувството на осаменост. Оние во врска ќе минуваат бниз искушение на тема доминација во односите.самците понекогаш ќе се избрзаат во додворувањата , зашто со нетрпение очекуваат да успеат. Полека.

Кариера

Ќе ви предлагаат многу работи , но вие самите нема да имете влијание. Ќе се чувствувате како набљудувач на кого нешто му се нуди без вистински предизвик. Соработувајте и внимателно слушајте. Читајте меѓу редови. Она што сега не се прави , ќе се прави подоцна.

Здравје и совет

Секој ден најдете нешто што ќе ве израдува.

Риби

Љубов

Вашиот друштвен и љубовен живот ќе стане малку поквалитетен, а тоа ќе ви биде мило. Веќе се заситивте од вашите мечтаења , па подобрата поврзаност со партнерот навистина ќе ве освежи. Слично ќе чувствува и вашата најсакана личност, па среќата нема да изостане.

Кариера

Истражувачите ќе добијат нов поттик. Ќе работат уште повредно. И уметниците ќе истражуваат нови начини на изразување. Сите останати на работното место ќе покажуваат поголема креативност , а нивната интуиција ќе им биде најдобар водич.

Здравје и совет

Се буди вашиот интерес за алтернативни методи.

Овен

Љубов

Многумина овие денови ќе откријат кој е нивниот вистински идеал и ќе тргнат во потрага по тој критериум. Понекогаш ќе бидат блиску , а понекогаш ќе го заборават. Во секој случај , нема да застанат додека не дојдат до обна што го замислиле.

Кариера

Држете се до она што ви е замислена цел и спроведете го тоа на дело , без компромиси. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати. Ќе бидете подготвени и на одредени промени за да постигнете подобри деловни резултати. Ќе се изборите за нив без одлагање.

Здравје и совет

Веројатно ќе споите забава со патување.

Бик

Љубов

Можно е дека сте очекувале нешто подобро во споредба со она што ви се случува , но ако прифатите дека тоа е добра можност за созревање и развој , повторно ќе бидете во добивка. Од вашиот пристап ќе зависи како ќе се чувствувате во некој личен однос.

Кариера

Ќе бидете борбени и полни со енергија. Ќе станете пример за некои. Тоа е последица на фактот што сега точно знаете што сакате , па нема непотребно губење време на непотребни проценки. Сепак , понекогаш поработете и заедно со другите.

Здравје и совет

Во тимската работа треба да учествуваат најмалку двајца.

Близнаци

Љубов

Веројатбно сте очекувале нешто поинакво од она како живеете и што сега чувствувате , но тоа е само привремена и преодна збунетост со која треба да се соочите на паметен начин.Сеуште имате доволно енергија и заслуги за да ги доведете работите во ред. Ќе успеете.

Кариера

Занесеноста и вештината на однесување со другите ќе биде вашата главна особина што ќе ја покажњете на работното место. Во зависност од видот на работата , или ќе ве бараат или ќе ве сметаат за несериозни. Главно , држете се до својата професионалност и барањата од вас.

Здравје и совет

Некои сепак несвесно ќе ги живеат своите сништа.

Рак

Љубов

Првата половина на неделата ќе ви донесе мирно уживање во заедничката врска или дискретна портрага по сродна душа. Љубовта ќе стане страстна во вториот дел од неделата. Ќе има убави средби , но и нетрпеливост. Не се заморувајте со премногу прашања.

Кариера

Иако вашите надредени ќе покажуваат одредена наклонетост кон вас , тешко ќе наоѓате заеднички јазик.Проблемот е во тоа што и двете страни сакаат да доминираат , а во хиерархиските поставености на работите тоа не поминува.Прифатете го вашето место и така однесувајте се .

Здравје и совет

Вежбајте јога за да се смирите.

Лав

Љубов

Без оглед што љубовното расположение понекогаш ќе опадне, во срцето ќе си најдете трошка задоволство. Можеби ќе нема толку атрактивни можности, но она што до сега сте го изградиле е гаранција дека ќе ве очекуваат мирни денови.

Кариера

Во соработката со помладите колеги или со нови соработници ќе покажете повеќе емоции отколку што е потребно. Внимавајте да ен изгледате непрофесионални. Со подобра подготовка ќе дојдете до поголема смиреност и успех.

Здравје и совет

Нема потреба за брзање.

Девица

Љубов

Веројатно ќе дадете се од себе да ја освоите личноста која ви е мила , а ќе забележите и дека други постојано ве меркаат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот, додека самците ќе излегуваат и ќе заведуваат. Со многу добри резултати.

Кариера

Цела недела ќе бидете насочени на решавање на едно многу важно прашање на тема комуникации.Ќе се отвори можност за вложувања , распоредување на средства или кофинансирање. Но , овој пшат од тоа ќе зависат многу работи. Покажете што знаете.

Здравје и совет

Каде и да одите , ќе го ширите гласот на разумот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk