Овен

Работа: Ако оваа недела успеете да поставите цели, тогаш лесно и ќе ги остварите и никој нема да ве запре во тоа. Препреките и потешкотиите кои се пред вас се само доказ дека вие умеете да се носите со нив и дека сте посилна личност одошто мислите. Ќе ги импресионирате вашите надредени оваа недела и важно е само да не сте тврдоглави, туку флексибилни. Периодот е одличен и за патување или соработка со странство, а ве очекуваат и многу други можности.

Љубов: За оние кои се во врска, ова е период кога ѕвездите ве предупредуваат да бидете тактични и дипломатични и да покажете трпение кон саканата личност. Прифатете ги компромисите кои ги предлага саканата личност, ова не е време за расправии и инаетење. Слушнете ги советите на блиските луѓе на кои им верувате. Хармонични ќе бидат односите за младите Овни кои од неодамна стапиле во брак.

Слободните овни иако важат за страствен знак, не се заинтересирани за авантура. Но, сепак бидете внимателни како се поставувате со оние кои ви се допаѓаат и не притискајте ако некој изгледа незаинтересиран или дистанциран.

Здравје: Ве мачи нервозата. Пробајте и да ги намалите оброците.

Бик

Работа: Вашата способност да ги убедувате другите ќе биде особено изразена овој период, но ќе бидете прилично своеглави кога станува збор за вашиот дел од работата. Креативни промени се пред вас, прифатете ја помошта на искусните колеги. Не се нервирајте за работите кои ви изгледаат како испуштена шанса, туку гледајте напред реалистично.

Љубов: За оние кои се во врска,ова е период кога можни се изненандни испади од саканата личност кои воопшто не се карактеристика на нивната личност. Но, немојте да делувате разочарано туку прашајте каде лежи проблемот и пробајте да ги средите работите. Во овој период морате да се фокусирате на саканата личност и да ја ставите на прво место.

Слободните бикови се занимаваат со своето его, па можно е погрешно да проценат нечија желба да им пристапи. Ќе бидете склони кон тоа брзо да се лутите и да се разочарувате. Не правете ништо конкретно додека не ја средите ситуацијата самите со себеси. За некои бикови ќе дојде до средба со личност која одамна сакале да ја видат, особено ако е родена во знакот јарец, рак или риби.

Здравје: Внимавајте на повреди.

Близнаци

Работа: Ќе бидете во искушение да брзате и прерано да почнете со некои проекти, но ѕвездите ве советуваат да го почекате најдоброто време за тоа. Разгледајте ги работите од сите можни аспекти па дури потоа делувајте и не го игнорирајте советот од вашите најблиски колеги. За некои близнаци доаѓа период на унапредување, но и искористување на некои можности за кои претходно не сте биле заинтересирани.

Љубов: Ако сте во врска, ова е стабилен период во кој се буди страста и носи нова свежина во партнерските односи. Но, ако односите се веќе нарушени, можни се поголеми конфликти за кои ќе ви биде потребно повеќе време да ги решите. Тоа може да донесе до кулминација на потиснатото незадоволство.

Слободните близнаци ги очекува интересен период. Можен е флерт со личност од странство. Ве очекуваат слатки љубовни маки и интересни задоволства, но и силни пеперутки во стомакот. Ова е период кој ќе ви помогне да се вратите во рамнотежа.

Здравје: Променете го начинот на исхрана.

Рак

Работа: Нешто што сте мислеле дека ќе го изгубите, всушност ви носи добивка и победа оваа недела. На многумина им пречи вашата репутација оваа недела. Ви доаѓа можност да започнете одлична соработка со странство. Ќе имате многу работа, па добро би било да се организирате и да се поврзете со оние кои би можеле да ви помогнат. Не реагирајте на критиките кои не ви се директно насочени вам. На многумина ќе им пречи вашата репутација, но една личност родена во риби ќе ви биде огромна поддршка оваа недела.

Љубов: За оние кои се во врска, во љубовта ако нешто друго ве дефокусираше досега, оваа недела во која партнерските односи ќе ви бидат на прво место. Подгответе се за период на соочување со некои непријатни емоции, но сето тоа е за добро, за да можете да продолжите успешно понатаму. Бегајте од конфликти со блиски личности кои сакаат да се мешаат во вашата врска.

Слободните ракови потребно е да решат некои свои лични проблеми, а дури потоа да се занимаваат со оние кои им се допаѓаат. Некои чувства ве блокираат, па морате да се ослободите од нив за да продолжите понатаму.

Здравје: Анксиозност и несоница.

Лав

Работа: Ова е недела која ќе ви донесе стрес и замор, но и огромна продуктивност особено ако се занимавате со уметност. Најголем непријател ви е стравот од неуспех, па потрудете се да се ослободите од тоа не само оваа недела туку целиот мај. Клучот на успехот лежи во тоа да бидете добро информирани и свесни за тоа што се случува околу вас. Сите работи ќе зависат од тоа како вие гледате на проблемите и предизвиците околу вас.

Љубов: За оние кои се во врска, ова е период кога партнерските односи ќе бидат интензивни, па време е и за сериозен разговор со саканата личност. Пробајте да ги решите насобраните проблеми и да тргнете понатаму со разбирање и компромис. Можна е убава вест за некои лавови.

Слободните лавови ќе започнат интересна комуникација со скорпија која досега им била прилично напорна. Можно е некои лавови да се чувствуваат нестабилно и да се однесуваат како да не знаат што точно сакаат. Не давајте никакви ветувања оваа недела. Можна е средба и со овен или водолија.

Здравје: Лесно се заморувате, направете крвна слика.

Девица

Работа: Во овој период ќе имате нерви и енергија да излезете на крај со комплексни ситуации. Ако треба да учествувате во важни преговори или да презентирате нешто важно, подгответе се добро за тоа. Имате можност да решите важни проблеми и да тргнете понатаму со силни амбиции. Ве очекува и стабилизација на финансиите. Ако добиете можност да работите некоја хонорарна работа, ќе бидете задоволни од соработката.

Љубов: За оние кои се во врска, ова е период кога Меркур е на ваша страна и ви помага во комуникацијата со саканата личност. Пробајте да поразговарате за важни прашања за да пронајдете компромис и да постигнете хармоничен однос со саканата личност.

Слободните девици ќе се чувствуваат понесено и романтично. Можно е да ве фасцинира личност која ви се допаѓа на интелектуално и емотивно поле. Ги имате сите можности за убава промена, искористете ги. Личност родена во знакот јарец ви е многу лојална.

Здравје: Добро се чувствувате.

Вага

Работа: Ова ќе биде успешна недела ако успеете да ги задржите меѓучовечките односи и да не се впуштате во кавги и неважни дискусии. Разгледајте ги материјалните аспекти и поставете се онака како што сметате дека е најдобро овој период. Бидете истрајни и одлучни бидејќи ѕвездите ви се наклонети и ќе имате успех на сите полиња. Важно е и да сте свесни за својот потенцијал. Доаѓа унапредување за некои претставници на овој знак.

Љубов: За оние кои се во врска, ова е недела кога планетите ви носат поддршка да ги решите проблемите кои постојат во вашата врска и да се фокусирате на она што е најважно за да го унапредите односот со саканата личност. Покажете трпение кон нивната визија и она што го чувствуваат и споделете го тоа што го имате. За некои ваги, партнерот ќе биде таинствен и можно е да сте заинтригирани да ја дознаете вистината, но не брзајте со никакви заклучоци.

Слободните ваги се окружени со личност кои ги обожаваат.Потребно е само да изберете личност која највеќе ви одговара и да одите чекор по чекор. Бидете внимателни, некои од вас можеби ќе запознаат личност која е зафатена и во паралелна врска. За оние другите, само прифатете ги критиките без да се навредувате и да ги сфаќате премногу лично.

Здравје: Можна е мала настинка.

Скорпија

Работа: Ова е период кога ќе морате да покажете разбирање за другите луѓе и да ги подобрите меѓучовечките односи бидејќи токму тоа е клучот за успехот оваа недела. Немојте да бидете тврдоглави а уште помалку нетрпеливи и не ги земајте информациите кои ќе ги слушнете здраво за готово. Оваа недела ви доаѓа и одлична професионална понуда.

Љубов: За оние кои се во врска, ќе успеете да ја согледате суштината на вашиот однос и да утврдите што е тоа што сте го пропуштале досега, а и е важно на другата страна. Тоа ќе ви донесе толеранција и подлабоко разбирање со саканата личност. Напредувате кон тоа да бидете подобра верзија од себеси, а тоа и годи на другата страна.

Слободните скорпии имаат многу додворувачи, а една скорпија или рак се обидуваат да ве освојат на интересен начин. Имате сјајни можности на ова поле. Можен е флерт со личност која ви е многу драга.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

Стрелец

Работа: Вашите желби и амбиции не се во согласност со вашите можности време па ќе треба да направите нешто за да се соочите со сите обврски. Не дозволувајте тоа да предизвика песимистични мисли и да ви го уништи расположението. Фокусирајте се на решенијата и можностите и тоа нека ви биде најважно оваа недела. Можно е да бидете испровоцирани од некои блиски соработници, но не реагирајте на тоа.

Љубов: Ако сте во врска, оваа недела е важно да размислувате за своите чувства и да не бидете дефанзивни во љубовта. Потребно е да се потрудите да ја усогласите својата енергија со онаа на саканата личност и да покажете смиреност и толеранција.

Слободните стрелци имаат многу можности за романтични средби. Комуникацијата ви оди лесно, шармантни сте и самоуверени. Останете отворени и свесни дека вие најдобро знаете што е најдобро за вас. Ова е поволен период за силни емоции.

Здравје: Одржувајте ја својата ментална и физичка кондиција.

Јарец

Работа: Можни се познанства и соработки за кои ќе бидете скептични и ќе ги отфрлите од самиот почеток, но ѕвездите ве советуваат да не го правите тоа. Можна е понуда на која нема да знаете како да реагирате, но почекајте малку пред да донесете одлука. Воздржете се од критики и лути зборови оваа недела, нема потреба за тоа. Пробајте да бидете трпеливи и со колегите и новите соработници.

Љубов: За оние кои се во врска, ова е период кога брзо го губите трпението и правите саканата личност да се чувствува како да згрешила нешто. Ако ви се чини дека нешто не е во ред, прво видете колкав дел од одговорноста носите вие, а дури потоа обвинете ја другата страна,ако веќе има потреба за тоа. Пробајте да се смирите бидејќи голем дел од ситуациите оваа недела ќе бидат резултат на вашето лично незадоволство.

Слободните јарци ќе запознаат скорпија или бик и со нив можна е тајна романса. Ова е период кога ќе им дозволувате на другите да го запознаваат делот кој тешко го покажувате пред другите. Можни се разочарувања за некои јарци, но не ги сфаќајте работите лично.

Здравје: Внимавајте на стомакот.

Водолија

Работа: Планирајте ја својата работа рамномерно и не дозволувајте да преземате обврски кои само ќе ви додадат на стресот кој го чувствувате веќе некое време. Одредете приоритети и останете трпеливи. Се приближувате до целта и успесите со големи чекори, иако оваа недела нема да ви изгледа така. Потпрете се на својата интуиција и само уживајте.

Љубов: За оние кои се во врска,ова е недела кога сте сосредоточени на себеси, но имате потреба да ги услогласите своите емоции со оние на саканата личност. Ќе бидете емпатични и чувствителни,но важно е да си дозволите да се ставите себеси на прво место. Само потрудете се да се оддалечите од токсични луѓе кои ви даваат совети без да го побарате тоа од нив.

Слободните водолии уживаат во еден однос кој се уште е на пријателско ниво. Особено ќе ви оди комуникацијата со личност родена во знакот риби, овен или вага. Ова ќе биде напорна недела за оние Водолии кои не знаат точно што сакаат.

Здравје: Можни се проблеми кај хронично болните.

Риби

Работа: Овој напнат период ќе го надминете ако ги завршите моменталните обврски без да прифаќате нови. Потрудете се правилно да го распоредите своето време бидејќи тоа ќе ви помогне во работата. Можни се финансиски проблеми кои ќе ви создадат главоболка, но кои ќе успеете да ги решите до крајот на неделата. Ви доаѓа интересна професионална понуда од една скорпија.

Љубов: Ако сте во врска, оваа недела ќе ви биде тешко да бидете трпеливи бидејќи чувствувате дека некои незадоволства доаѓаат на дневен ред и морате да ги исдискутирате со саканата личност. Сепак, бидете тактични и избегнувајте го претераното драматизирање, тоа нема да ве однесе никаде.

Слободните риби ќе се впуштат во една љубовна авантура која ќе ги зголеми нивните очекувања. Имате можност да постигнете длабок увид во себеси, но и да достигнете љубовна експлозија. Некои риби ќе бидат вознемирени од комуникацијата со личноста со која комуницираат, но нема да им биде јасно зошто е тоа така. Личност родена во знакот бик, рак или лав има голема потреба да ве освои.

Здравје: Без проблеми.