Замислете си вашиот брод да биде погоден од авионска бомба и да останете сам/а среде океан цели 4 месеци, а притоа да не знаете да пливате и да немате доволно храна и вода за да преживеете.

Толку тоа му се случило на овој неверојатен морнар, а неговиот Гинисов рекорд тешко кој ќе посака да го сруши.

Имено, Пун Лим бил целосно сам  цели 4 месеци на сплав и тоа среде океан. Останал без храна и вода и бил психички уништен, но сепак успеал да преживее напад од ајкула и олуја.

Во 1942 година, додека Велика Британија ги губела поморските битки, помош им била испратена од страна на Кина.

Еден од кинеските морнари кои доброволно се пријавил да помогне бил Пун Лим. Па така, на 23 Ноември 1942 година, на Атланскиот Океан бродот на кој Пун се наоѓал бил погоден од две германски рекети.

Десет од 11те преживеани морнари успеале да се спасат, додека пак Пун Лим бил оставен на милост и немилост на океан.

Неговата единствена надеж бил чамецот за спасување кои за среќа бил опремен со намирници, но тие намирници не биле доволни за цели 4 месеци поминати среде океан.

Но, она кое било најстрашно во неговата ситуација е фактот дека Пун не знаел да плива, па оттаму бил приморан да биде врзан за чамецот. И покрај фактот дека намирниците ги потрошил за релативно кратко време сепак Пун бил решен дека ќе преживее.

Тој од опремата која била на чамецот успеал да направи импровизирана јадица со која ловел риби. Рибите ги сушел на сонце и ги јадел живи.

Неколку пати видел како бродови поминуваат покрај него, но никој не успеал да го забележи.

Тој преживеал и страшна олуја – а за време на олујата сите намирници му паднале во океанот. Тој бил толку исцрпен што не успеал да ги пронајде. Следниот ден сонцето било толку многу јако што тој бил убеден дека ќе умре од сончаница и глад.

Но тој ден, неколку птици слетале на неговиот чамец а тој успеал да ги фати. Набрзо потоа овие птици станале неговиот оброк по што му се вратила енергијата и почнал повторно да лови риби.

Но, неговата агонија не завршила тука. Ајкулите му биле непријател во риболовот, а подоцна и тој станал нивна мета. Ја искористил неговата последна енергија да се одбрани од нив и да ги истера.

Неколку дена подоцна Пун забележал дека бојата на водата околу него се менува и му било јасно – копното е во близина. На 5ти Април, 1943 година тој стапнал на бразилско копно. Во Бразил бил хоспитализан две недели, по што се вратил во Велика Британија, каде бил одликуван со орден за храброст.