logo
logo
logo

Не ви се допаѓа Windows 11? Имате само 10 дена да се вратите на претходната верзија

Vecer | 01.12.2021

Не ви се допаѓа Windows 11? Имате само 10 дена да се вратите на претходната верзија

Имајќи предвид дека сè повеќе луѓе преоѓаат на Windows 11, добра идеја е да ги потсетиме корисниците дека имаат прилично краток рок да одлучат дали да останат на Windows 11 или да се вратат на претходната верзија на оперативниот систем.

Ситуацијата е значително поинаква од онаа што ја имаме со Windows 10. Оние кои надградуваат од Windows 7 или 8.1 верзија, добиваат 30 дена да го пробаат оперативниот систем и да се вратат на старата верзија.

Со други зборови, Мајкрософт го намали периодот на враќање на претходна верзија на оперативниот систем од 30 дена за Windows 10 на само 10 дена за Windows 11.

Значи, ако сте нервозни со преоѓањето на Windows 11 и тесната пробна временска рамка, едно нешто што можете да направите е да направите резервна копија на инсталацијата на Windows 10, пред да ја надградите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk