logo
logo
logo

(ВИДЕО) "Не сум животно": Патничка врескала на цел глас поради маска, а потоа била исфрлена од авионот

Vecer | 26.07.2021

(ВИДЕО) "Не сум животно": Патничка врескала на цел глас поради маска, а потоа била исфрлена од авионот

Патничка на авиокомпанијата "American Airlines" била уапсена во авион, на летот од Њу Орлеанс за Далас, откако неколку пати одбила да стави маска.

Инцидентот се случил на аеродромот "Луи Армстронг". Портпаролот на компанијата рекол дека летот доцнел бидејќи жената неколку пати одбила да стави маска, што е задолжителна епидемиолошка мерка. Кажано и е дека мора да стави маска или да го напушти авионот, по што полицијата ја извела од леталото.

[embed]https://youtu.be/gbArfsfvTDU[/embed]

"Не сум видел ништо слично", рекол еден патник во авионот. "Двајца вооружени полицајци дојдоа и и рекоа да излезе. Таа одби и тогаш и кажаа да стане. Почна да вреска и да се спротивставува додека ја апсеа и и ги ставаа рацете зад грб. Врескаше 10 минути додека ја приведуваа", додал тој.

Очевидецот рекол дека таа упорно повторувала дека не е животно и дека не сака да биде третирана така. Уапсената жена ќе биде обвинета за пореметување на јавниот ред и мир, спротивставување на апсење, одбивање да ги послуша полицајците и физички напад.

Локалните медиуми пренеле дека Федералната авио администрација разгледува воведување на казни за патниците кои се однесуваат непрописно. Паричните казни би можеле да одат до 21.500 долари.

Инцидентот во Њу Орлеанс е само последен во низата спротивставување на патници да носат маски и да почитуваат други ковид протоколи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk