logo
logo
logo

Не смеете да се прејадете после постењето - ВНИМАВАЈТЕ СО ЈАЈЦАТА

Vecer | 01.05.2021

Не смеете да се прејадете после постењето - ВНИМАВАЈТЕ СО ЈАЈЦАТА

По долгиот пост за Велигден треба да се внимава со храната, бидејќи често доаѓа до прејадување, мачнини, па дури и труење, и неретеко се случува некој да заврши во болница.

Сите кои постеле едвај чекаат да вкусат јајца, месо и масна храна, а најчесто се случува да се прејадат и да си создадат здравствен проблем.

Особено треба да се внимава со јајцата кои се симбол на Велигден, па овој неработен ден да не претерате со нив. Тие имаа холестерол и ако се консумираат во големи количини предизвикуваат закрчување на артериите.

Изедете едно до две јајца најмногу и внимавајте и со масната храна и пиењето, за да не му направите шок на организмот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk