logo
logo
logo

Не си го губете времето со нив: Овие луѓе никогаш нема ви кажат "те сакам"

Vecer | 16.02.2021

Не си го губете времето со нив: Овие луѓе никогаш нема ви кажат "те сакам"

Те сакам. Едноставна и кратка реченица, но толку моќна. Астролозите велат дека мажите родени во овие хороскопски знаци најтешко ја изговараат. Тие се емоционално недостапни, велат астролозите.

Близнаци

На овој знак му треба многу време да се препушти на новата врска, а особено отворено и искрено да ги изрази своите емоции.

Близнаците кажуваат „те сакам“ само кога се сигурни во своите емоции, а за тоа треба да помине многу време. Тие не ги сфаќаат овие зборови несериозно.

Девица

Припадниците на овој знак во себе носат вродена потреба сè да биде совршено, вклучувајќи ја и врската. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите емоции.

Ќе се воздржат од изјавувањето љубов сè до моментот кога ќе бидат 100 отсто сигурни во своите чувства. Ако ги слушнете овие два збора од Девица, знајте дека навистина се искрени.

Скорпија

Скорпиите не сакаат промени и претпочитаат долги врски. За нив важи правилото да останат покрај партнерот во добро и во зло.

Меѓутоа, иако се посветени на љубовниот однос уште од самиот почеток, ќе изговорат „те сакам“ дури откако бидат 100 отсто сигурни дека врската е сериозна и цврста, бидејќи не сакаат предвреме да покажат ранливост или да бидат повредени.

Водолија

На припадниците на овој знак им треба многу простор и слобода во врската. Честопати претпочитаат нетрадиционални врски и ретко изјавуваат љубов, бидејќи сметаат дека така ќе си создадат обврски за кои не се подготвени.

Подготвени се да ја жртвуваат својата слобода само за личноста која ќе им дозволи да бидат тоа што се. Дури тогаш целосно се отвораат емоционално, во целост ѝ се предаваат на врската и кажуваат „те сакам“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk