logo
logo
logo

Не само жедта знак - ЕВЕ ДАЛИ НЕ ПИЕТЕ ДОВОЛНО ТЕЧНОСТИ

Vecer | 13.01.2022

Не само жедта знак - ЕВЕ ДАЛИ НЕ ПИЕТЕ ДОВОЛНО ТЕЧНОСТИ

Внесувањето на доволна количина течности е од големо значење за целиот организам. Ова се 10 знаци дека не внесувате доволно вода.

До моментот кога ќе почувствувате жед, веќе сте дехидрирани.

Затоа, не чекајте последен момент за да одите на чаша вода, туку погрижете се веднаш да ја надополните изгубената течност, особено ако се занимавате со некоја физичка активност.

Сува кожа

На училиште не учеа дека кожата е нашиот најголем орган. Со оглед на тој факт - му треба и многу вода. Еден од првите знаци на целосна дехидрација е сува и иритирана кожа која може да доведе до сериозни проблеми за целиот организам. Намалениот внес на вода значи и намалена способност на телото да се поти, а со тоа и - да ги исфрли насобраните токсини.

Сува уста

Сувоста на јазикот, усните и усната шуплина е најочигледен знак на жед. Ако устата ни е сува, нашето тело е веќе дехидрирано.

Потемна боја на урината

Поголемиот внес на течности значи и почиста урина. Ако урината ви е потемна боја, тоа значи дека треба да пиете повеќе вода.

Не чувствувате потреба за мокрење

Во случај да не чувствувате потреба за мокрење, пијте премалку вода.

Гадење

Само еден од знаците на прекумерна киселина во желудникот како последица на недостаток на вода е појавата на гадење.

Напади на глад

Не можете да спиете и да продолжите да размислувате за тоа парче торта во фрижидерот? Ако се чувствувате гладни среде ноќ, задолжително пијте вода. Имено, консумирањето храна без соодветна хидратација го успорува метаболизмот и го поттикнува создавањето резерви на маснотии на телото. Заборавете на тортата и наместо тоа испијте чаша вода.

Замор

Дали сте спиеле доволно и се уште се чувствувате уморни? Запомнете колку чаши вода сте испиле воопшто. При недостаток на вода во организмот се јавува летаргија и замор.

Суви очи

Сувите и црвените очи се сигурен знак за дехидрација. Неможноста за навлажнување на очите особено ќе им создаде проблеми на луѓето кои носат контактни леќи.

Триење на коските

Ако сакате да спречите непријатно триење (крцкање) на коските при скокање, вежбање и трчање, пијте доволно вода

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk