logo
logo
logo

НЕ, НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ: Шест јасни знаци дека време е за крај на врската

Vecer | 21.10.2021

НЕ, НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ: Шест јасни знаци дека време е за крај на врската

Секоја врска има свои подеми и падови и во различни етапи едниот партнер може да биде подоминантен или „столбот“ што ја одржува врската стабилна.

Во здрава врска, треба да можете да се потпрете еден на друг, да верувате еден во друг и да се поддржувате во вашите соништа, лични и заеднички.

Ако веќе некое време се чувствувате дека не сте еднаков партнер во вашата врска, проверете дали партнерот покажува некои од знаците дека не ве цени доволно. Ваквиот човек тешко ќе се смени и секогаш ќе гледа на вас „од високо“, што значи дека не може да очекувате еднаквост во врската.

Нема време за вас

За сите други може да најде време, а плановите со вас ги откажува без да му трепне око. Или воопшто не ги закажува бидејќи не покажува интерес да прави што било заедно со вас.

Не покажува благодарност

Го сакате, му угодувате, се трудите да му ја исполните секоја желба (и каприц!), се грижите за него, а тој не знае да каже (ни да покаже) благодарност за „кралскиот третман“.

Не ве прашува за совет

Кога носи одлуки, тоа го прави сам и никогаш не се консултира со вас, дури и кога тие одлуки се однесуваат на вас и вашата врска. Тоа значи дека вашето мислење му е небитно за неговите работи и дека нема што да кажете за заедничките работи.

Прави планови без вас

Ова се надоврзува на претходното – само ви соопштува дека нешто ќе прави сам или дека вие треба да одите со него, а дали вие сакате и можете, не е важно. Дури и се лути ако му кажете дека не можете – во неговиот свет вие сте му секогаш достапна. Вие сте „украсот“ со кој може да се пофали, а не партнерката со која се гордее.

Мрзлив е

Сосема ви ги има препуштено домашните обврски и никогаш не му паднало на памет да ве праша дали ви треба помош или да преземе некоја обврска. Уште и наоѓа маани за тоа како е нешто сработено и ви префрла.

Мисли дека со него „ви паднала секирата во мед“

Постојано се фали со неговите квалитети и достигнувања и не пропушта прилика да ви покаже вам и на сите околу дека треба да му бидете благодарни што ве избрал вас и дека треба да сте пресреќна што сте со него. Верувајте, има многу подобри мажи и вие заслужувате еден од нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk