logo
logo
logo

Не можел да издржи дома со семејството ПА СЕ ПРЕДАЛ ВО ЗАТВОР

Vecer | 22.02.2021

Не можел да издржи дома со семејството ПА СЕ ПРЕДАЛ ВО ЗАТВОР

Маж од Бурџес Хил во Англија и се предал на полицијата за да лежи затвор бидејќи повеќе не можел да издржи во во карантин со неговото семејство.

Како што беше соопштено тој живеел со неговите родители, сопругата и ќерката, а како што изјавил на полицијата, „главата му се скршила“ од постојаните расправии и звукот на работата на жените.

- Дојдов да се предадам на полицијата. Како повод, ќе покажам што украдов од продавница. Сакам да бидам во затвор и да спијам во мир и тишина, рекол човекот.

Инспекторот Дарен Тејлор од Сасекс објасни како го видел случајот.

- Мир и тишина! Бараниот маж му се предаде на нашиот тим вчера попладне откако не извести дека повеќе би сакал да се врати во затвор отколку да поминува повеќе време со луѓето со кои живее! Сега е во притвор и се враќа во затвор за да ја издржи казната до крај, напиша Тејлор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk