Шкотланѓанка која страда од мизофонија, патолошка чувствителност на звуци, тврди дека толку ја иритира од звукот на дишењето на другите луѓе, што дури се обратила кај лекари да ја оглуват.
Мизофонијата е силна аверзија или омраза кон одредени звуци, што поттикнува емоционални или физиолошки реакции што на другите им изгледаат неразумни. Чувствителноста на звуците може да предизвика различни реакции, од лутина и паника до потреба за бегство
Додека некои мислат дека мизофонијата е предизвикана од иритирачки звуци како силно џвакање или гребење со нокти на таблата, таа всушност може да биде предизвикана од кој било звук.
Повеќето омразени звуци ги произведува човечкото тело, но интересно е што луѓето кои страдаат од оваа состојба не чувствуваат иритација доколку тие самите ги произведуваат тие звуци.
"Кога ќе го слушнам дишењето се нервирам. Колку погласно станува, толку повеќе се лутам. Ако некој дише намерно за да ме налути, не ми пречи. Но, ако само дише, тоа е друга приказна", вели г-ѓа Карен.
Таа само сака „бучавата“ да престане, што е невозможно затоа што луѓето мораат да дишат, па мора да прифати дека ништо не може да стори во врска со тоа.
По случајот на Карен, на социјалните мрежи се појавија и други лица кои страдаат од мизофонија.
„Мизофонијата ми го уништува животот секојдневно и јас би дала се за лек, а докторите ми се смеат и ми велат да претерувам, беше еден од коментарите.
[embed]https://youtu.be/eKc9dffIGcw[/embed]