logo
logo
logo

ОВА СЕМЕЈСТВО НЕ КУПУВА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА 4 ГОДИНИ: „Нема да фрламе пари во тоалет! Еве што користат наместо тоа“

Vecer | 25.06.2022

ОВА СЕМЕЈСТВО НЕ КУПУВА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА 4 ГОДИНИ: „Нема да фрламе пари во тоалет! Еве што користат наместо тоа“

ОВА СЕМЕЈСТВО НЕ КУПУВА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА 4 ГОДИНИ: „Нема да фрламе пари во тоалет! Еве што користат наместо тоа“

Едно семејство решило да заштеди на нешто што никој не би се сеќавал.

Иако цените последниве месеци скокаа, на тоа не беа принудени од инфлацијата, туку од долгот од над 65.000 евра.

Со оглед на споменатиот долг, ова семејство пред неколку години почна да штеди на разни производи кои вообичаено секојдневно ги купуваме во продавниците.

Пред неколку месеци Амбер Ален на својот канал на Јутјуб покажа како ја заменила класичната тоалетна хартија, хигиенски производ кој денес е достапен за сите.

"Значи, почнавме да користиме платнени марамчиња наместо тоалетна хартија. Меѓу другото, затоа што сфативме дека буквално фрламе пари во тоалетот", реклa Ален и продолжилa:

„Во тоа име исеков стара облека, некои што повеќе не ми се допаѓаа, некои што беа веќе истрошени и полни со дупки. Точно, со текот на времето сфатив дека платнените марамчиња имаат една мана“.

Вели дека знаат многу брзо да се излижат и искинат.

-За среќа, открив и дека памучните ќебиња се многу посоодветни за таа намена“, додаде Ален и пресмета дека нејзиното семејство отприлика заштедило околу 1.100 евра на тоалетна хартија за три години.

„Откако ќе ги искористиме, ги фрламе валкани марамчиња во посебна корпа, а ги переме практично секој втор ден. Се разбира, не со друга облека“, рекла Ален и признала дека во куќата секогаш има класична тоалетна хартија за гостите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk