Бразилката Јулијана Неме им се пожали на своите следбеници на Инстаграм за ситуацијата во која неодамна се нашла, а која ја опиша како понижувачка, но не само тоа.

Плус-сајз инфлуенсерка по потекло од Бразил била понижена на аеродромот во Либан кога сакала да се качи на нејзиниот повратен лет за Бразил. Како што споделила на својот профил, персоналот не и дозволил да се качи во авионот бидејќи, како што тврделе, била „предебела“ за седиштето за кое купила билет.

Оваа 38-годишна инфлуенсерка била на одмор со своето семејство, а во Либан отпатувала со „Ер Франс“, додека за враќање го избрала „Катар ервејс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliana Nehme (@juliananehme)

„Дојдов со „Ер Франс“ и се беше добро за време на летот. Пристигнав во економска класа и не доживеав никаков срам или дискриминација“.

Меѓутоа, кога по одморот сакала да се врати во Бразил преку аеродромот во Доха, персоналот на Катар ервејс одбил да ја прими на летот за кој имала уредно платена резервација.

„Ми рекоа дека не сум добредојдена бидејќи сум дебела. И не сакаа да ме пуштат на летот.

И понудиле да купи билет од 2.900 евра за прва класа каде што има места „во кои таа може да ги собере“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliana Nehme (@juliananehme)

Јулијана не сакала да го плати понудениот билет за прва класа. И по неколкучасовни преговори и молби, персоналот не и дозволил да се качи на летот и таа останала во Либан. Нејзината сестра и братучетка се качија на летот, а мајка и остана со неа, бидејќи Јулијана не зборува ниту англиски ниту арапски.

Инфлуенсерката се пожалила дека поради непланираниот престој има дополнителни трошоци за хотелско сместување и такси услуги.

„Бев крајно понижена пред сите луѓе на аеродромот! Се затоа што сум дебела. Срамота е за компанија како Катар да дозволи ваква дискриминација”, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliana Nehme (@juliananehme)