logo
logo
logo

НЕ излегувај со МОКРА КОСА ќе настинеш - ИМА ЛИ ВИСТИНА ВО ОВА?!

Vecer | 23.10.2021

НЕ излегувај со МОКРА КОСА ќе настинеш - ИМА ЛИ ВИСТИНА ВО ОВА?!

Дали мајките ви велеа не излегувајте со мокра коса надвор затоа што ќе настинете? Генерации и генерации пораснале со ова уверување, но колку вистина има во него?! Лекарите дале објаснување на некои од теориите на кои не учат уште од детството...

Ако излезам со мокра коса надвор, ќе настинам

Ова само до некаде е точно, велат стручњаците и објаснуваат што се случува во телото. Ако излезете надвор со мокра коса, веројатно, ќе ви биде многу постудено, што дополнително ќе го оптовари вашиот имунолошки систем. Сепак, тоа не мора да значи дека ќе настинете. Кога имунитетот е „оптоварен“, микробите кои веќе се присутни во вашето тело имаат можност да се „размножат“. Затоа дефинитивно се препорачува да се загреете и на тој начин да се заштитите од настинки во зима.

Млечните производи ја влошуваат настинката

Консумирањето млечни производи за време на настинка може да има двоен ефект. Пиењето млеко ќе ја згусне слузта и ќе ви го отежне дишењето, но тоа, секако, не влијае на телото да произведува повеќе слуз. Лекарите, од друга страна, често препорачуваат внесување млеко и млечни производи за време на болест, бидејќи тие обично се калорични и можат да ги компензираат негативните ефекти од губењето на апетитот.

Ако немам температура, не сум заразен

И настинката и грипот се многу заразни, а високата температура нема апсолутно никаква врска со пренесување на инфекцијата на други луѓе. Колку сте заразни зависи од неколку фактори. Повеќето здрави возрасни лица можат да заразат други со вирусот на грип еден ден пред почетокот на симптомите и пет дена потоа, со или без температура, посочуваат експертите од Центарот за заразни болести. Децата со ослабен имунитет можат да бидат заразни повеќе од една недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk