Не игнорирајте ја болката во препоните – може да биде фатална

Телото произведува болка само за да нè предупреди дека нешто не е во ред за да  обрнеме внимание и да се обидеме да го „поправиме” тоа. Понекогаш болките предупредуваат на состојби опасни по живот. Една од нив е и болката во препоните.

Чувството е како некој да ве погодил во тестисите, болката е силна и може да биде придружена со оток. Во тој случај може да станува збор за торзија на тестисите.

Ако симптомите се игнорираат, ќе дојде до изумирање на тестисите и околното ткиво, а во најлош случај гангрената може да доведе до труење на крвта – сепса.

Ова нарушување може да биде наследно и можно е двата тестиса слободно да ротираат. Понекогаш се јавува по повреда или за време на брзиот раст во пубертетот.

Други можни симптоми се гадење, крв во семето, покачена температура, повраќање, тестисот може да стане поголем, може да ја смени бојата во црвена или темна боја.

Кога станува збор за торзија на тестисите, важно е брзо да побарате медицинска помош. Обично пациентот се подложува на поедноставен хируршки зафат.

Ако во болница  пристигнете во рок од шест часа, тестисот може да се спаси. Сè потоа го зголемува ризикот од трајно оштетување и отстранување на мртвите тестиси за да не  дојде до гангрена.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари