logo
logo
logo

Не и кревал на телефон, а таа превземала екстремни чекори за да го најде: Нејзината посесивна потрага ја завршила во затвор

Vecer | 26.05.2021

Не и кревал на телефон, а таа превземала екстремни чекори за да го најде: Нејзината посесивна потрага ја завршила во затвор

Младата Јулија Касел на социјалната мрежа ТикТок ја сподели својата бизарна приказна за чекорите кои ги превземала откако нејзиното момче престанало да и одговара на нејзините повици, односно исчезнало преку ноќ.

Таа најпрвин ги контактирала неговите пријатели и ги прашала дали знаат каде е нејзиното момче. Тие и одговориле дека немаат никакви информации за него.

Но, по некое Јулија дознала дека нејзиното момче е во затвор, па почнала да смислува план како да влезе во затворот и да разговара со него.

Јулија решила дека најлесен начин е да се зачлени во програма на нејзиниот факултет каде се изучува право бидејќи членовите на оваа програма одат во посета на затвори. Еден од затворите кои го посетуваат е затворот каде во тоа време издржувал казна затвор токму тој.

Таа ги посетувала сите часови, а кога дошол крајот на семестарот професорката и кажала дека девојките може да го посетат само женскиот затвор и дека не смеат да влегуваат во делот каде се сместени мажите затвореници.

-И објаснив дека морам да влезам во машкиот дел при тоа не откривајќи и која е причината. За жал не ми дозволи, вели Јулија.

И покрај тоа што никогаш повеќе не го видела своето поранешно момче, Јулија ги советува младите девојки да не се впуштаат во потрага по своите партнери. Таа вели дека жените никогаш не треба да ги бркаат мажите и да превземаат волкку екстремни чекори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk