Познатиот австралиски кувар Мет Престон поставил предизвик за чистење на кујнски прибор од дрво. Иако не го измислил, тој всушност многу го популаризирал затоа што како шумски пожар бувнал и ги зафатил сите социјални мрежи. Луѓето почнале да ги „тестираат“ своите лажици-мешалки и резултатите биле баш грди.

@miss.clean.with.me

I was not prepared for this🤢 Tiktok teaches me so much! #clean #cleaning #satisfying #asmr #cleantok #foryou #fyp

♬ Bubble pop electric – 𝔞𝔲𝔡𝔦𝔬𝔰 ꨄ

А тестот е едноставен, лажицата се става во чаша или подлабок сад и се прелива со врела, по можност вода што врие. Се остава да стои во водата 20 минути. Врелата вода ги извлекува сите маснотии од дрвото, а по остатоците во садот може да се забележи дека баш доста ги имало. Резултатите се главно шокантни и не се за оние со слаб желудник. Многу корисници експериментот го направиле и со есцајг и резултатите се речиси идентични.

Заклучокот би бил – ако вашата дрвена лажива испуштила премногу маснотија и остатоци од храна, веројатно, е време да ја замените.

@shoddytube

Reply to @shoddytube #redemption #mattpreston #lala #viral #xyzbca #cleantok #clean #fyp #foryou

♬ original sound – user3167517531859