logo
logo
logo

Не е сеедно КАДЕ ГО ЧУВАТЕ МЛЕКОТО

Vecer | 05.02.2021

Не е сеедно КАДЕ ГО ЧУВАТЕ МЛЕКОТО

Температурата во фрижидерот може да варира, затоа одредени делови се потопли од другите, што влијае на квалитетот и траењето на храната, а особено на млекото.

Кога зборуваме за деловите што се подложни на температурни промени, тие дефинитивно се вратите. Затоа, треба да избегнувате чување на лесно расиплива храна во нив, како што се млеко и млечни производи.

Земете го предвид фактот дека повисоките температури се идеални за развој на бактерии.

За да може вашето млеко да трае подолго, треба да е изложено што помалку на промени на температура.

Најдобро е да се чува млекото на температура од 3 до 4 степени Целзиусови.

Ако имате навика да оставате млеко на работната површина или трпезариска маса додека појадувате, треба да размислите. Земете колку што ви треба и веднаш вратете го пакувањето во фрижидер.

Горенаведените правила важат за кравјо, соја, козјо или бадемово млеко.

Ако имате навика неодлучно да стоите пред отворена врата, додека размислувате што би можеле да јадете, имаме лоши вести - ја загрозувате целата храна.

Совет е брзо да го отворите фрижидерот, да земете што ви треба и да го затворите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk