logo
logo
logo

Не е се до привлечноста, ИМА НЕШТО И ВО ДОБРИНАТА

Vecer | 15.01.2022

Не е се до привлечноста, ИМА НЕШТО И ВО ДОБРИНАТА

Студија објавена во British Journal of Psychology покажала дека алтруистичните мажи се најпривлечни за жените.

Истражувачите ги прашале невенчаните Канаѓани до кој степен прават добри дела како што се помагање на другите и давање во добротворни цели. После тоа одговарале на прашања за бројот на партнери и колку често практикуваат секс.

Мажите кои правеле повеќе добри дела имале и повеќе партнерки и повеќе секс. Од оние кои биле во врска, добродушните мажи имале повеќе секс во последните 30 дена отколку оние кои биле помалку алтруисти. Друго истражување, објавено во списанието Evolutionary Psychology, опфатило 202 жени.

Им биле понудени слики и описи на различни мажи. Некои биле многу привлечни, додека други  претставени како добронамерни и подготвени да помогнат во различни ситуации. Жените би избрале себични и атрактивни мажи за кратка авантура, додека за долготрајна врска сепак би избрале мажи алтруисти, без разлика на привлечноста.

Слични резултати имала и малку постара студија, објавена во The Journal of Social Psychology. Резултатите покажале дека жените ги ценат мажите кои се подготвени да помогнат повеќе од некои други особини како мерка за тоа дали потенцијалниот партнер би бил добар родител. Жените истакнале дека алтруизмот е важен дури и во краткотрајните врски, но значително повеќе од нив сметаат дека е исклучително важен за сериозни врски и брак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk