НЕ ЧЕКА ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ: Ова е стравичната прогноза за 2019 година - погледнете какви временски услови не очекуваат!

Можеби ви се чини дека глобалното затоплување е нешто што се случува само во филмовите но ние вече чуствуваме сериозни последици. Следната година повторно ќе биде бутнат рекордот бидејќи 2019 ќе биде забележана како петта година по ред во која се менува климата.

Од последните 22 години дури 20 се најтопли откога се вршат мерења на температурата. Светсата метеролошка организација (WMO) објави доста депресивни но не и изненадувачки факти за состојбата на климата во 2018 година, базирана на пет различни независти истражувања за температурата на целата планета. Заклучиле дека просечната температура за перодот помеѓу јануари и октомври е за 0.98 Целзиусови степени потопла од времето на индустриската револуција.

Елена Манаенкова од WMO кажува дека тоа е многу повеќе од бројка. Секоја фракција на загревањето се пресликува на човековото здравје, храната, водата за пиење, преживувањето на флората и фауната итн. Прави разлика во економската продуктивност и отпорноста на нашите градови посебно оние кои се наоѓаат покрај море или океан. За островите и ниските територии да не се ни зборува. Секоја фракција на Целзиусовата скала е важна. На глобалната температура влијаат и појавите како La Ninja и El Ninjo (на кои исто така на некој начин влијае човекот) или пак човечките фактори - сите емисии на гасови и ефектот на стаклена бавча го забрзуваат загревањето на планетата.

 

Оваа година е за нијанса поладна од предходните три, највеќе зошто послаби La Ninjo се појавија порано и најчесто истите се поврзуваат со пониските глобални температури, а не, наличижалост заради падот на количината на емисија на гасови.

El Ninjo кој ни следи сигурно ќе ја зголеми глобалната температура следната година. Сите научници предупредуваат што ќе се случи доколку температурата се покачи за 1,5 Целзиусови степени. Ќе дојде до масовно губење на цели видови на животни, суши во некои предели, поплави во други, пожаро, зголемување на нивото на морињата и недостаток на храна. И понатаму не се прави доволно за решавање на тој проблем. Новите објавени извештаи покажуваат дека после три години стагнирање повторно дошло до пораст на емисијата на гасови. Со километри сме оддалечени од достигнувањето на целите на Парискиот договор.

Не сме ни блиску до вистинскиот пат. Концетрацијата на гасови е повторно на реордно ниво и ако вака продолжиме до крајот на векот може да очекуваме загревање од 3-5 степени, кажува Петери Талес од WMO.

Време е да се загрижиме каква ќе биде 2019 година, а и годината која следи. Да се сетиме само на пожарите и сушите од оваа година.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари