logo
logo
logo

Преку ден е во мртовечница, НАВЕЧЕР СТРИПТИЗЕРКА (ФОТО)

Vecer | 12.03.2021

Преку ден е во мртовечница, НАВЕЧЕР СТРИПТИЗЕРКА (ФОТО)

Некои работи како стриптизот секогаш ќе бидат табу тема, но тоа е посебно изразенокога се однесува на комбинацијата на смрт и секс.

Сепак, Австралијката Ема Холмс тврди дека овие две работи можат да одат заедно - на крајот на краиштата, тоа најдобро го знае затоа што со години работела во мртовечница, а навечер и се посветувала на својата друга професија - стриптизот.

Својот таен живот Ема го опиша во книгата “One last dance: My life in mortuary scrubs and G-strings”.

„Мојата работа беше да го преземам телото на починатиот од ожаленото семејство. Исто така, честопати требаше да пренесувам тела во распаѓање од градската мртовечница. Гледав сè и сè - од починат гејмер ​ телото го преземав додека видео играта беше сè уште на екранот, па се до жените кои беа убиени од нивните партнери. „Се грижев за мртвите цел ден и бев во служба на нивните семејства“, објаснува Ема.

„Но, кога завршуваше смената во мртовечницата и кога сите трупови беа спакувани во замрзнувачите, моето главно оружје беше чипката и карминот. Станав мое алтер его, девојка која работи во областа на црвените светла преку ноќ “, открива Ема и продолжува:

„Тајно работев како стриптизерка. Чудни приказни ме притискаа од сите страни.. Се прашував дали некогаш повторно ќе спијам? Никој не знаеше за мојот таен живот “.

„Моите ноќни пријатели беа разведени, студенти, Бразилци, Американци … И сите со иста цел - да соберат пари за да плаќаат храна, хипотеки или студии“, вели Холмс.

Иако нејзината приказна за многумина звучи нереално, и како сценарио за филм, Ема тврди дека комбинирањето навидум некомпатибилни работи, сексот и смртта и помогнале да си го спаси животот.

„Научив да го ценам и уживам во секој момент, да затворам очи додека ја јадам мојата омилена храна и да уживам во секунда подолго, да бакнувам малку подолго - да отворам сендвич побавно или да и испратам цвет на баба ми“, заклучила Ема Холмс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk