Науката вели: За него е добро да е помлада, а и за неа постар

Науката и истражувањата утврдите дека, како минуваат годините, потребата за секс како и сексуалната енергија кај жените расте, а кај мажите е спротивно...

Дали има врска ако сте постари или помлади 5 или 25 години? Колку години ве делат од партнерот со би сакле да бидете? Американските студии во Атланта констатирале какви се шансите за успех и дали навистина годините се препрека за љубов.

Кога љубовта е во прашање, тврдиме дека годините воопшто не се важни. Навистина, тие не се битни на која возраст ќе се заљубиме, но кога станува збор за ризик на годините, тогаш има простор за дискусија. Мислењата секако ќе бидат најразлични, но еве што покажала новата американска студија Емор.

Имено, по пример од 3000 луѓе кои се во врска, требало да се види дали квалитетот на односите зависи од разлика во години. Односно, дали можат годините да бидат главен предизвикувач на проблеми, несогласувања и раскинување. Резултатите зборуваат дека што е поголем јазот во години меѓу партнерите, поголем е ризикот од раскинување.

Кај парови кај што разлика е пет години, степен на раздвојување се зголемува за 18 посто, кај оние со разлика од десет години за 39 посто, а кај разлика од 20 години ризикот за прекин е 95 посто.

Причините се кријат во различно емоционално ниво (жените созреваат емотивно порано од мажите), поглед на животот и животните навикикои се различни кога партнерот има на пример 40 или 60 години па може да дојде до големи проблеми. Но клучен фактор е сепак сексуалниот живот, кој е важен за нормално функционирање на секоја врска.

Кај жената потреба за секс како и сексуалната енергија расте со годините, а кај мажите е спротивно – таа со нивната старост опаѓа. Тоа може негативно да влијае на сексуалниот живот ако разликата кај партнерите е поголема.

Значи, која е идеалната разлика во годините меѓу партнерите? Научниците тврдат дека идеална разлика е до пет години. Тогаш шансите за успех се најголеми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари