Научниците успеале да протолкуваат две скриени страници од дневникот на Ана Франк

Користејќи техника за дигитална обработка на фотографии, научниците успеале да прочитаат две страници од прочуениот воен дневник на Ана Франк.

Страниците што биле прекриени со заштитна хартија откриле непристојни шеги и објаснувања за сексот и проституцијата.

Фондацијата „Ана Франк“ денеска го објави откритието и наведе дека благодарение на двете страници може да се објасни нејзината заинтересираност за сексуалноста.

Директорот на музејот „Ана Франк“, Роналд Леополд, изјави дека таа како и секој тинејџер била љубопитна во врска со оваа тема.

Ана Франк со семејството две години се криела од нацистите во тајна просторија во куќа во Амстердам, каде што таа го пишувала својот дневник.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари