Научниците тврдат дека со овој спорт животот се продолжува за 10 години

Редовното играње тенис може да го продолжи животот до десет години, тврдат научниците.

Тенисот може да биде подобар за здравјето и од велосипедизмот, трчањето или пливањето, а експертите сметаат дека социјалниот аспект на овој спорт има голема улога во тоа. Познато е дека луѓето кои вежбаат имаат шанси да живеат подолго, а студијата во која учествувале 8 600 луѓе во Копенхаген покажува дека спортувањето има повеќекратна корист за луѓето.

Тенисерите може да живеат просечно до 9,7 години подолго од некој кој не вежба, бадмингтон играчите 6,2 години, а фудбалерите пет години.

Велосипедистите може да живеат подолго 3,7 години, пливачите 3,4 години, а оние кои се занимаваат со трчање само 3,2 години.

Истражувачите велат дека зголемениот број на отчукувања на срцето во текот на вежбањето е важно за долговечноста, а поврзувањето со други луѓе, исто така, е од витално значење.

„Знаеме од други истражувања дека дружењето овозможува намалување на стресот. Па кога сте со други луѓе, имате интеракција со нив, како што тоа го правите додека играте тенис“, рекол авторот на студијата Џејмс О’Киф за „Њујорк тајмс“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари