Научници тврдат дека „Евровизија“ е добра за здравјето на луѓето

Британските научници дошле до откритие дека гледањето на натпреварот за најдобра песна на Евровизија може да биде добро за здравјето на гледачите.

Ова натпреварување има телевизиска публика од повеќе од 180 милиони луѓе, па научниците веруваат во неговата моментна здравствена корист, поради тоа што преносот на Евровизија се гледа низ целиот свет.

Студијата спроведена од Универзитетот во Лондон, потенцира дека гледањето на „Евровизија“ придонесува за тоа светот да се чини поубав и весел, пишува „Њузхаб“.

Истражувањето дошло до резултати кои покажуваат дека нивото на среќа кај луѓето кои го следат изборот е за 10 пати повисоко од нормалните вредности, во случај кога нивната земја ќе се избори за добар пласман.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари