logo
logo
logo

Наташа намерно се дебелее ЗА ДА ГО ИМА НАЈГОЛЕМИОТ ЗАДНИК НА СВЕТОТ (ФОТО)

Vecer | 15.01.2022

Наташа намерно се дебелее ЗА ДА ГО ИМА НАЈГОЛЕМИОТ ЗАДНИК НА СВЕТОТ (ФОТО)

Наташа Краун е една од најпознатите шведски плус сајз модели која по потекло е од Србија. Таа е висока само 155 сантиметри и тешка 160 килограми, а обемот на задникот, како што вели, е повеќе од два метра.

Досега четири пати одела на бразилско кревање задник, а вели дека пред една таква операција се здебелила дури 20 килограми за лекарите да имаат што повеќе маснотии кои ќе ги префрлат од стомакот во задникот.

Наташа се здебелила вкупно 45 килограми, се поради една цел и желба - да го има најголемиот задник на светот. Таа неодамна на својот Инстаграм профил откри дека планира да оди на петтото бразилско подигнување на задникот.

Таа не крие дека нејзин модел е Ким Кардашијан и нагласува дека не е лесно да се одржува телото што го има трансформацијата која шокираше многу луѓе - вели Наташа.

- Тешко е да се одржи ова тело. Мора да јадете многу, околу 6.000 калории дневно и мора да вежбате многу ако сакате да го имате најголемиот задник на светот.

Според неа, првата естетска процедура ја направила на 20 години, а потоа станала „зависна“ од пластични операции, па ги зголемила усните, градите, брадата, јаготките...

- По првата операција бев многу среќна, па сакав да го направам тоа повторно. Вложив многу пари во својот изглед, но сега заработувам и од тоа – открила таа.

Наташа заработува со продажба на фотографии и видеа од своето тело. На социјалните мрежи има повеќе од два милиони следбеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk