logo
logo
logo

Наставничка роди 4 деца за помалку од една година: Тоа е благослов

Vecer | 05.08.2021

Наставничка роди 4 деца за помалку од една година: Тоа е благослов

Џесика Причард (31) од Шефилд во Велика Британија ја роди втората ќерка, Миа, во мај 2020 година, а потоа роди тројка во април оваа година - Ела, Џeорџ и Оливија. Покрај овие, таа ја има и осумгодишна ќерка Моли.

Таа вели дека таа и нејзиниот партнер Хари Вилијамс (34) останале без зборови кога дознале дека очекуваат тројка, но по првиот шок, тоа го сфатиле како благослов бидејќи и двајцата ги сакаат децата и бучниот семеен живот.

За помалку од 12 месеци добивме едно бебе, а потоа уште три. Времето за јадење е забавно затоа што секој сака да јаде во исто време. И покрај тоа што хранењето трае подолго, треба да смените три пелени наместо една. Само треба да се организирам и се ќе биде во ред, а јас сум по природа многу организирана личност - рекла Џесика.

Таа вели дека била на породилно отсуство кога открила во октомври 2020 година дека повторно е бремена. Поради ограничувањата поврзани со „Ковид“, таа мораше сама да оди на ултразвук, така што Хари дозна за тројката дури откако се вратила дома.

- На ултразвукот, прво ми рекоа носам близнаци, што беше шок само по себе, но потоа продолжија да гледаат и рекоа дека виделе и трето бебе. Останав без зборови, не можев да поверувам - се сеќава таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk