logo
logo
logo

Нашле КУРШУМ ВО ЧИПСОТ, татко од САД во паника што ќе изел син му (ФОТО)

Vecer | 07.04.2021

Нашле КУРШУМ ВО ЧИПСОТ, татко од САД во паника што ќе изел син му (ФОТО)

Знаеме дека понекогаш се може да се пронајде во храната купена во маркетите. Кај нас видовме разни примери последниве години, ама на тоа не се имуни ни големите држави.

Од лебарки, до глувци, па прстени, а еве сега има и пример со куршум.

Бу Хорн Визел од Елм, САД, доживеал голем шок кога неговиот шестгодишен син му пришол со загрижен израз на лицето.

Тој само ми рече: ‘Тато, дали е ова куршум во чипсот?’ Ги ставив очилата за да  видам малку подобро. Тоа беше куршум. Вистински куршум, а не играчка, изјави Визел за ТМЗ.

Таткото потоа ја контактирал компанијата преку Фејсбук, испраќајќи им слика со куршумот. Брзо му одговориле.

„Ситуацијата во која се наоѓате е вознемирувачка и ние веќе презедовме чекори кон внатрешна истрага. Драго ни е што контактиравте со нас и штом дознаеме како тој куршум се нашол во кесата, ќе ве известиме“, се наведува во одговорот на компанијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk